ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Постигнат договор меѓу политичките партии за идниот ревизор?

Претседателот на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата Илија Димовски за утре закажа продолженија на три седници, а на едната од нив повторно избор на главен ревизор. Собраниски извори за МИА велат дека е постигнат договор меѓу претставниците на политичките партии кој ќе биде идниот ревизор и очекуваат тоа утре да се официјализира

December 5, 2019 22:01
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата Илија Димовски за утре закажа продолженија на три седници, а на едната од нив повторно избор на главен ревизор.

Собраниски извори за МИА велат дека е постигнат договор меѓу претставниците на политичките партии кој ќе биде идниот ревизор и очекуваат тоа утре да се официјализира.

Последните изјави и од власта и од опозицијата минатата недела беа дека се залагаат за широк консензус за кандидат за главен државен ревизор.

Државната ревизија е блокирана повеќе месеци, а речиси две години е без главен ревизор.

На дневен ред на другите продолженија на Комисијата се и утврдување предлози за именување на директор и на заменик на директорот на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, именување директор на Агенцијата за квалитет во високото образование, избор на директор и заменик директор на Дирекцијата за заштита на личните податоци,
именување на член на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, избор на член на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија.

Пред пратениците се и предлозите за именување членови на УО на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор, Проверка на кандидатурите доставени по Одлуката за објавување јавен оглас за избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, како и избор на членови на Судскиот совет на Република Северна Македонија, изменување на Одлуката за именување на претседател, потпретседател, членови и заменици-членови на Националниот совет за евроинтеграции, Продолжување на постапката по Одлуката за објавување на Јавен конкурс за избор на членови на Советот на ААВМУ и Продолжување на постапката по Одлуката за објавување на Јавен конкурс за именување на членови на Програмскиот совет на Македонската радио телевизија (МРТ).

Next Post

МЕПСО: Немало дефект ниту прекин во напојувањето со електрична енергија од трансформаторската станица „Скопје 3“

Shortcut

Најново

На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

August 15, 2026

Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

August 14, 2026
Tap water, photos by Vecteezy

Гостивар: Водата се прочистува, но довербата останува загадена

August 14, 2026

Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

August 14, 2026
Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk