Собранието на Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија (СЗДМ), го одржа редовното годишно собрание, на кое учествуваа и членови на Здружението на граѓани Дијабетес „Шекерче Лолипоп“ од Велес. Собранието ги разгледа и усвои Годишнините извештаи од реализирани активности како и Финансискиот извештај за 2019 година, извести Дума,мк
На годишното собрание, за нов претседател на СЗДМ беше избран Димче Велев и беа утврдени главните програмски насоки како што се едукација и мотивација за превенција од дијабетес, за унапредување на здравствените сервиси, пред се за децата и младите, за менаџирање со дијабетесот итн.
Програмските насоки членовите на Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија ги донесоа во очекување да биде усвоена Националната Програма за дијабетес на РСМ за 2020- 2030 цел да се вклучат сите релевантни страни кои се стремат кон намалување на инвазивноста на дијабетесот