ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев: Владата ги прифати сите седум точки, претставници од „Марш за чист воздух“ денеска повторно одбија средба

ладата веќе конкретно даде одговор на сите седум точки од организаторите на „Марш за чист воздух“, што тие ги поставија минатиот петок на протест како услов за да одат на средба со владини претставници. Само една од точките, како што рече денеска премиерот Зоран Заев треба да се доообјасни, а таа се однесува на рудникот Иловица Штука. За денеска во 18 часот имало закажно средба со активистите, но како што посочи Заев тие одбиле да дојдат

December 6, 2019 17:35
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата веќе конкретно даде одговор на сите седум точки од организаторите на „Марш за чист воздух“, што тие ги поставија минатиот петок на протест како услов за да одат на средба со владини претставници. Само една од точките, како што рече денеска премиерот Зоран Заев треба да се доообјасни, а таа се однесува на рудникот Иловица Штука. За денеска во 18 часот имало закажно средба со активистите, но како што посочи Заев тие одбиле да дојдат, пренесува МИА.

Во однос на точката за рудникот, Владата потсети дека одлуката за одземање на концесијата на „Еуромакс“ за рудникот Иловица-Штука, како еден од условите што организаторите на „Марш за чист воздух“ за средба во Владата, е веќе донесена и по завршувањето на жалбената постапка која е во тек во Управниот суд, таа ќе стапи во сила, се наведува во соопштението.

– Владата донесе одбивна одлука за концесијата, но правото на жалба во Управен суд е уставно загарантирано право на приватниот субјект, кој во моментов го користи, штом тоа ќе заврши ќе ја потврдиме конечноста на самата одлука. Во сите други детали точно е дефинирано што се презема од страна на Градот, од страна на другите чинители, рече Заев.

Тој нагласи дека и денешната прес-конференција, на која беше промовиран проектот за проектирање и поставување на фотоволтаични системи е во насока на екологијата.

– И граѓаните и јас како премиер и надлежните министри знаат дека ова прашање не се решава за еден ден. Правиме сериозен скок за оваа тема, резултатите очекувам да ги видиме брзо и ја користам секогаш приликата до оние граѓани кои можат повеќе да си дозволат да напарават промена на системите за греење заради тоа што и личниот учинок е прилог кон здравјето на граѓаните, кон чистиот воздух, рече Заев.

Тој нагласи дека голем дел од граѓаните се уште ја користат екстра лесната нафта за греење или црвената нафта и уште еднаш информираше дека штом заврши грејната сезона, таа ќе биде укината. Додаде дека е потребно се повеќе да се насочуваме кон обновливи извори на енергија – инвертори, гасификација, фотоволтаици.

Владата откако пред два дена ги прифати барањата на „Марш за чист воздух“ изрази и очекување и дека прифаќањето на нивните барања ќе доведе до средба на која заеднички ќе се обединат напорите на институциите и граѓанскиот сектор во однос на грижата за здравјето на граѓаните и животната средина.

Седумте итни барања што ги постави „Марш за чист воздух“ и кои Владата соопшти дека ги прифати се: Указ за итно носење на ДУП СИ 09 Гази Баба за Вардариште, ЈО да отвори истрага за Охис и за палење на кабли во Скопје,  Да се усвојат на Влада измените и дополните на Законот за животна средина со кои се идентификуваат и уредува постапувањето со контаминирани подрачја, Стопирање на процедурата на усогласување на законите од областа на заштита на здравјето на луѓето, заштита на природни богатства, животна средина, заштита на културно наследство, заштита од природни и други непогоди, комунална хигиена со законот за прекршоци, Поднесување на веќе изготвената апликација за прогласување на Охридско Езеро и Студенчишко Блато како водно живеалиште од меѓународно значење до Рамсарскиот секретаријат, Одземање на концесијата на Еуромакс за рудникот Иловица-Штука и Одземање на истечената концесија за експлоатација за рудникот Плавица.

Next Post

Димче Велев е новиот претседател на Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија

НАЈНОВО

Скриншот

Кос: Само со обединување на Европа можеме да обезбедиме мир, слобода и просперитет

November 4, 2025

Фон дер Лајен: ЕК е попосветена од кога било да го претвори проширувањето на ЕУ во реалност

November 4, 2025
Фото: МИА

Гаши: Предлог – буџетот за 2026 година на пленарна седница на 9 декември

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk