ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СКАНДАЛИ

Се таложат неодговорените прашања за ВМРО-ДПМНЕ: „Дупките“ во финансирањето на изборните кампањи, врските со криминалното подземје и низа други

Државната комисија за спречување на корупцијата поднесе Посебен извештај за утврдените состојби во финансирањето на изборната кампања, во кој се констатираат низа нерегуларности и „дупки“ во финансирањето на кампањите на ВМРО-ДПМНЕ. Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците имаше и седница на таа тема уште на 1 октомври годинава. Сепак, одговорност сѐ уште нема. Во овој преглед, ќе се потсетиме само на еден дел од неодговорените прашања.

December 8, 2019 20:27
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, СКАНДАЛИ
Христијан Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ / извор: скриншот од видео снимката објавена на партиската веб страница

Христијан Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ / извор: скриншот од видео снимката објавена на партиската веб страница

Share on FacebookShare on Twitter

Од извештаите што политичките партии законски се обврзани да ги поднесат до Државната изборна комисија и други надлежни органи, пред повеќе од два месеци, беше обелоденето дека ВМРО-ДПМНЕ има незаконски долг од 400.000 евра за кампањата на својата претседателска кандидатка Гордана Силјаноска Давкова.

КАКО СЕ ФИНАНСИРАШЕ ИЗБОРНАТА КАМПАЊА НА ВМРО-ДПМНЕ?

Воедно, во јавноста стана познато и дека финансирањето на политичката кампања на ВМРО-ДПМНЕ открива и крајно проблематични односи меѓу партијата и функционери и бизнисмени што се осомничени во предмети на Специјалното јавно обвинителство, а кои сега се дел и од постапките што се водат во Основното јавно обвинителство. Дел од прашањата се однесуваат и на финансирањето на проблематичната кампања од фирми во сопственост на Јордан Камчев. Тоа воедно е индикација за поврзаност со аферата наречена „Рекет“, а за која повеќе аналитичари се изјаснија дека е корупциски скандал и упатуваат на одговорност токму на Камчев кој од домашен притвор вршел поткуп. 

Аналитичарите, но и СДСМ, преку повеќе соопштенија, укажуваат на тоа дека долгот од 400.000 евра за кампањата на Сиљаноска е флагратно кршење на Изборниот законик. Тие повикуваат на одговорност од ВМРО-ДПМНЕ, односно од високи функционери на партијата, вклучувајќи го и потписникот на кампањата, партискиот генсек Игор Јанушев. 

ДЕФОКУСИРАЊЕ, НАМЕСТО ОДГОВОРИ И ОДГОВОРНОСТ

Државната комисија за спречување на корупцијата поднесе Посебен извештај за утврдените состојби во финансирањето на изборната кампања, во кој се констатираат низа нерегуларности и „дупки“ во финансирањето на кампањите на ВМРО-ДПМНЕ. Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците имаше и седница на таа тема уште на 1 октомври годинава. Сепак, одговорност сѐ уште нема.

На споменатата седница на Комисијата за политички систем, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го направија вообичаениот циркус, претворајќи ја седницата во сесија за испрашување на првата антикорупционерка Билјана Ивановска, наместо да дадат одговор на поставените прашања. Впрочем, тоа е вообичаена практика на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ и нивните пропагандисти во медиумите и на социјалните мрежи. Секогаш кога се соочени со непријатни факти за нивното криминално минато и подеднакво криминална сегашност, тие креваат врева и почнуваат со фантастични приказни за дефокусирање на расправата околу нивните неславни постапки.

И ВО 2011 ГОДИНА, ВМРО-ДПМНЕ ИЗЛЕЗЕ СО ИЗБОРНА „ДУПКА“ ОД ПРЕКУ ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА

Ова не е прва „дупка“ во извештаите од изборните кампањи на ВМРО-ДПМНЕ. Дури и во годините на режимското владеење на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, Државниот завод за ревизија утврди дупка од над три милиони евра во нивниот финансиски извештај. Се разбира, никој не смееше ни да помисли да ги повика на одговорност тогаш, а медиумите уредно молчеа.

Фактот што јавноста знае „само“ за милионските „дупки“ во 2011 и за дупката од 400.000 евра оваа година, не значи дека тоа се единствените финансиски „гревови“ на оваа партија, чии највисоки функционери ги следи децениска сенка од сериозни скандали и криминални дејствија.

ПРАШАЊАТА СЕ НИЖАТ

Освен на овие прашања, ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот формален лидер Христијан Мицкоски, должат многу други одговори. Мицкоски сѐ уште не одговори на ниедно од непријатните прашања, а секојдневно се таложат нови, како оние за набавките на инсулинот. Хидроцентралите, судирот на интересите на секој чекор што го правел и го прави, сомнежите околу тајната комуникација и испораките поврзани со Груевски и со Гајсер, поврзаноста со погрешно наречениот случај „Рекет“, блокирањето на правосудните реформи, антизападната кампања, линковите со радикалната десница, финансирањето на ботовите, ноторната лага што му ја кажа на бугарскиот премиер Бојко Борисов за неговото образование и титули наводно стекнати во Германија и Италија…

Прашањата се поставени, одговорите мора да се дадат, одговорност мора да има. Барем така вели законот, тоа го налага етиката и тоа го бара јавноста.

Џабир Дерала

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Нови израелски напади на Иран, погодени воени цели во Техеран; Иран ги предупредува Израелците да се евакуираат од области до воени објекти

June 15, 2025

Трамп не му дозволил на Израел да го убие иранскиот ајатолах Али Хамнеи

June 15, 2025
„Марш за ангелите“ во Скопје. Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Не ги убивајте уште еднаш нашите деца, порачаа родителите на загинатите во Кочани

June 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Градоначалникот на Кочани – Премиерот не ме прима на средба, од централната власт досега не добивме ништо; Граѓаните ќе го дадат својот суд на изборите, смета Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нови израелски напади на Иран, погодени воени цели во Техеран; Иран ги предупредува Израелците да се евакуираат од области до воени објекти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поради притисоци по поддршката на студентите, овој EXIT ќе биде последен во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Протест пред МВР за убиството на кучето Феликс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk