ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Денови на писменоста бај „Комити“ енд „Шверцери“

И додека главни фраери во општеството стануваат стадионските ликови, јавноста се „работи“ преку селективно известување, пропаганда, плукање и дискредитирање личности, а особено со релативизатори од типот „а каде беше ти да го осудиш..“, „зборуваш за овие, а ги забораваш оние“ и обратно. На кантар се става „големината“ на злото кое е суштински исто, но со различни резултати. Наместо да се фати во костец со вистинските виновници, главниот гнев се насочува кон они што без задршки се борат против омразата и насилството и кај „своите“ и кај „другите“.

December 9, 2019 13:49
in ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ

Интересно, нападите на национализмот, насилството и примитивизмот годинава се случија на денови кога се слави писменоста. „Комити“ се покажаа вчера, на 8 декември, денот на Св.Климент. „Шверцери“ пред пар недели, на 22 ноември – Денот на албанската азбука.

Импонира храброста на хулиганите да ни ги „одбележат“ деновите на писменоста. Охрабрени се, затоа што во земјава редовно недостасува соодветна казна за нивното дивеење, насилство и омраза.

Сте забележале – стадионските хулигани во нашиот дел од светот, со повремени исклучоци, главно поминуваат без соодветни казни, иако нивните „резултати“ не се мерат веќе само во скршени глави, ребра или излози, туку во реални, човечки жртви, изгубени животи, растурени семејства и успешно потпалување на меѓуетнички тензии и вознемирување на илјадници граѓани.

И не само што поминуваат неказнето. Наместо тоа, кон граѓаните се испраќаат други сигнали. Ако „успееш“ на стадион, може да станеш успешен и во политиката, да се качиш на врвот на пирамидата на општеството. Ако се докажеш, нормално. Ако бидеш „ѓенерал“ на башибозук како Аркан во војните од бивша Југославија, „херој“ со меѓународна потврда од Судот во Хаг како Јохан од 2001ва, или барем јунак како Артан на Кале, на пример.  Ако не погинеш – ќе се спасиш. Ќе станеш пратеник, бизнисмен, почитуван господин.

И додека главни фраери во општеството стануваат стадионските ликови, јавноста се „работи“ преку селективно известување, пропаганда, плукање и дискредитирање личности, а особено со релативизатори од типот „а каде беше ти да го осудиш..“, „зборуваш за овие, а ги забораваш оние“ и обратно. На кантар се става „големината“ на злото кое е суштински исто, но со различни резултати. Наместо да се фати во костец со вистинските виновници, главниот гнев се насочува кон они што без задршки се борат против омразата и насилството и кај „своите“ и кај „другите“.

Едните гледаат на едно, другите на друго око. А рационалните и умни луѓе кај сите балкански народи се кабает. Оти  не го осудуваат, тоа што друг го произведува. Се притискаат гласните, оние што знаат, писмените. Се додека не замолкнат, не се повлечат. Преку нивниот пример, се разбира, се замолкнува општеството. Се додека не се определиме, секој на „своја“ страна. За тоа време, хулиганите ни слават денови на писменоста.

Во врска со стадионското насилство и национализам, две опции се пред нас, драги сограѓани. Можеме да тргнеме по патот на развиените, модерни земји.  Да го примениме англискиот и италијанскиот концепт, и да се справиме брзо, остро и институционално со хулиганите како што се справија овие земји по кобниот инцидент на европското финале Јувентус – Ливерпул на бриселски Хејсел во 80тите. Рецептот, очигледно, функционира одлично.

Втората опција е да продолжиме со нашиов, балкански рецепт. Да продолжиме да ги користиме стадионите како инкубатори за создавање национализам и регрутирање на партиски војски. Да ги користиме тие војски за создавање на меѓуетнички тензии и инциденти, за топовско месо во воените ровови, за создавање на херои на национализмот и омразата, за повеќе крв, жртви, насилство, поделби, страв меѓу луѓето. Тоа што попатно ќе го уништиме спортот, приходите од публиката и ќе ги отстраниме сите ненасилни луѓе од спортските трибини, е само резултат плус.

Изборот отсекогаш бил и ќе биде наш. Имаме импресивни резултати градење на заедништвото меѓу нашите различни заедници, ги победуваме мразачите на многу полиња, но сè уште немаме  ефикасна борба против хулиганизмот и национализмот. Ефектите покажуваат дека очигледно сме сè уште ранливи и кршливи токму на ова поле. Тоа добро го знаат и оние што сакаат да го срушат нашето општество, но и ние.

Време е нешто суштински да направиме, оти сме на крстопат, кога избираме по кој пат ќе фатиме…Повеќе засега нема да ви каже младичот, белким ќе ви текне… не ни е сефте.

 

 


Сите права се задржани. Преземање на содржините e НАЈСТРОГО ЗАБРАНЕТО, освен со писмена дозвола од Редакцијата FRONTLINE.MK. 
Со неовластено преземање на делови или цели прилози од оваа веб страница, СЕ СОГЛАСУВАТЕ на FRONTLINE.MK да му исплатите надоместок од 60.000 денари во рок од осум дена по преземањето на содржината. Оваа обврска не застарува, а за секое доцнење на исплатата ќе биде пресметана соодветна законска камата.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Во израелските напади врз Појасот Газа убиени 20 луѓе

July 5, 2025
Фото: ВИ

Трамп „многу незадоволен“ од разговорот со Путин за Украина

July 5, 2025
Фото: ЕПА/МИА

Во Еквадор запленети три тони кокаин, кои и припаѓале на албанската мафија

July 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е куељовски јунак кој седи на ритчето и во долината го посматра сопственото умирање!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп не знаел дека навредливиот термин што го употребил во говорот се смета за антисемитски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бајач од скопско Трубарево, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk