„Епл“ беше фатен „жив“. Компанијата беше принудена да признае дека поставките во милиони iPhone телефони ги доведува во заблуда корисниците при употребата на податоците за нивната локација. Компанијата испорача предупредување и до милиони свои корисници дека ќе го отстранат недостатокот, објави онлајн изданието на Форбс.
Признанието на „Епл“ следи по истражувањата објавени од специјалистот за сајбер безбедност, Брајан Кребс, кои откриваат дека новиот опсег на iPhone 11 на Apple бараат информации за нивната локација, дури и откако корисниците ќе ги сменат поставките за приватност на телефонот, за да престане следењето на локациите. Како што забележува Кребс, тоа ја нарушува дури и политиката за приватност на самата компанија.