На врвот сме според транспарентноста, и горди сме. Денес кога светот го одбележува Меѓународниот ден за борба против корупцијата, да се потсетиме дека отчетноста и транспарентноста се најсилното оружје против оваа подмолна болест на општествата. Министерството за одбрана е на врвот и таму и ќе остане“, напиша министерката за одбрана Радмила Шекеринска, на својот Фејсбук профил.
Нејзината изјава е реакција на „Транспарентност, отчетност и интегритет на институциите во јавните набавки“, истражување, рангирање и анализа за 2019 година на Мрежата за транспарентност, отчетност и интегритет во јавните набавки.