ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Илиев: Потребен е координиран пристап за справување со лажните вести

Лажните вести се шират побрзо отколку традиционалните и затоа ни е потешко да се справиме со важните прашања како на пример природни катастрофи, терористички напади, избори, итн., посочи проф. д-р Боби Илиев од Универзитетот Кентаки во САД, кој одржа предавање за лажните вести на Правниот факултет „Јустинијан Први“ по повод 10 декември – Меѓунарондиот ден на човековите права, кој се чествува и како Ден на Факултетот

December 10, 2019 15:04
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, МЕДИУМИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Лажните вести се шират побрзо отколку традиционалните и затоа ни е потешко да се справиме со важните прашања како на пример природни катастрофи, терористички напади, избори, итн., посочи проф. д-р Боби Илиев од Универзитетот Кентаки во САД, кој одржа предавање за лажните вести на Правниот факултет „Јустинијан Први“ по повод 10 декември – Меѓунарондиот ден на човековите права, кој се чествува и како Ден на Факултетот, пренесе МИА.

– Лажните вести прераснаа во глобален проблем. Не можеме сами да се избориме против лажните вести. За да се справиме со нив, потребен е координиран пристап, кој може да вклучува и кампања за медиумска писменост, алатки за автоматско детектирање, како и обуки, но и да се овозможи сторителите да одговараат за нивните постапки. Дваесет и четири отсто од корисниците на социјани медиуми ќе споделат лажна вест, од нив 14 отсто знаеле дека веста што ја споделуваат е лажна, рече Илиев.

Според него, големата изложеност на новински статии, која е резултат на растот на социјалните медиуми и појавата на граѓанско новинарство, каде што луѓето можеби ги немаат соодветните квалификации, а ни соодветен морален компас, но споделуваат информации кои можеби не се точни. Тој додаде дека и покрај тоа, бомбардирани сме и од новински извештаи кои содржат проверени информации.

Деканот на Правниот факултет „Јустинијан Први” – Скопје, проф. д-р Горан Коевски посочи дека живееме во свет на растечки ксенофобичен популизам и расистички говор на омраза кои оставаат трага на политичката клима  во многу земји во светот и во Европа.

– За присуството на атимигрантски сентименти, навреда на лицата со различно потекло и занемарувањето на Ромите во многу од земјите во Европа редовно известува и Европската комисија против расизмот и нетолеранцијата. Овој тренд како дел од многуте негативни трендови е пресретнат со идејата за зголемување на свесноста и акцијата на глобално ниво предводена од Агендата 2030, која содржи три главни димензии: универзалност и напредок на сите луѓе во сите сфери; интеграција поврзано во заеднички систем и трансформација и правење на големи фундаментални промени во начинот на кој живееме на планетата, рече Коевски.

Ректорот на УКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски истакна дека денеска и ние како и целото општество се соочуваме со предизвикот наречен одржлив развој, кој има намера да обезбеди континуиран напредок на квалитетот на животот и благосостојба на државата и да се обезбеди одржлив развој за сегашните генерации за да не се загрози можноста за задоволување на потребите на идните генерации и тоа во три генерални аспекти: социјален напредок, економски развој и животна средина.

Во рамки на програмата за одбележување на Меѓунарондиот ден на човековите права беше прикажан и филмот „Dying for Europe” во коорганизација со Меѓународната организација за миграции (ИОМ), кој беше проследен со дискусија.

Next Post

ХЕРА: Да се воведе сеопфатно сексуално образование и бесплатен контрацептив да има на позитивната листа на лекови

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk