Го читам Џордан Питерсон, клинички психолог, мотиватор и прилично благ и неверојатно луциден конзервативец (односно го исчитувам последниве неколку недели) кајшто одговара на прашањето (покрај останатите прашања со кои е опседнат), „зошто луѓето се исселуваат”?
Тој вели дека луѓето најчесто се селат заради лошите меѓучовечки односи; вели дека луѓето се селат заради културата, заради религијата, заради традицијата. На последно место ја става заработувачката.
Што значи дека сè е до климата, до односите на луѓето. Тоа ни кажува и уште нешто: ние што овде остануваме мора да се одлучиме за две парадигми: или онаа на Заев или онаа на Мицкоски.
Првата на Заев е мирољубива, вклучувачка, прогресивна и солидарна, втората на Мицкоски е исклучива, кавгаџиска, создава поделби, а проблемите ги продлабочува. Сакам да кажам дека сите многу добро знаеме и сите мора разумно да одбереме.
Не си одат луѓето од земјата нужно заради парите, туку си одат заради конфликтите, кавгите, религијата, културата. Од искуство знам, и уште ако ја следиме тезата на Питерсон (која во голема мера е вистината): луѓето од оваа земја си заминаа заради одвратната политика на Груевски која беше конфликтна, осветничка и културата на живеење ја претвори во претполитичка и племенска. Сè до контекстот. А контекстот меѓучовечки е иманентно политички.
Да заклучиме: со Мицкоски знам што ќе биде со оваа земја и овие луѓе, и не прифаќам. Не прифаќам ниту во лудило. Оваа земја не им ја даваме. Море ниту во лудило.
Пишува Ненад Јовановиќ на својот Фејсбук профил.