Најмалку шест лица се убиени во вооружен напад во универзитетската болница во чешкиот град Острава. Засега нема информации за мотивите за нападот, но се дознава дека напаѓачот е во бегство.
Како што пренесува британски „Експрес“, повикувајќи се на чешките медиуми, на местото на настанот се распоредени специјални полициски сили и во тек е евакуација на квартот.
Локалните агенции пренесуваат дека нападот се случил во една од амбулантите на болницата, но не се открива кои се жртвите.
Полицијата објавила и фотографија од осомничениот напаѓач, со апел до граѓаните, ако го забележат веднаш да пријават во полиција.
Според снимките од надзорните камери, во моментот на нападот болницата била затворена.