ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Потребен е нов модел на финансирање на стручното образование и обука

Конференцијата е во организација на Министерството за образование и наука, Амбасадата на Швајцарија и проектот „Образование за вработување во Северна Македонија“, а е посветена на изнаоѓање нов модел на одржливо финансирање на стручното образование и обука во земјава.

December 11, 2019 11:56
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

За квалитетно стручно образование и обука потребни се добри финансиски средства и добра опременост на училиштата, но и финансирање на стопанстовото, затоа што и стопанството има потреба од современи и квалитетно обучени кадри, истакна заменик министерката за образование и наука Елизабета Наумовска, на денешната конференција „Финансирање на пазарно-ориентирано и квалитетно стручно образование и обука во Северна Македонија“ во Скопје, пренесе МИА.

Конференцијата е во организација на Министерството за образование и наука, Амбасадата на Швајцарија и проектот „Образование за вработување во Северна Македонија“, а е посветена на изнаоѓање нов модел на одржливо финансирање на стручното образование и обука во земјава.

Заменик министерката истакна дека средствата што училиштата ги добиваат од државата преку Министерството за образование и преку локални самоуправи не се доволни, бидејќи стручното образование и обука за квалитетно стручно образование се потребни добри финансиски средства, добра опременост на училиштата, и додаде дека оваа работна група што ја организираат со Швајцарската амбасада денеска, ќе помогнат да ги усогласат нивните искуства кои се високо развиени во европските држави, и да бидат применливи во земјава.

-Последниве две години интензивно се спроведуваат реформи во стручното образование и обука, веќе се воведени во четиригодишното образование, а претходно во двегодишното и тригодишното образование се воведени нови наставни планови и програми со модуларен пристап, учење преку работа, модел на стручно образование, каде учениците директно преку процесот на работа во компании ќе стекнуваат знаења и вештини, рече Наумовска.

Таа информира дека во фаза е и воведување на дуалното образование, каде учениците, како што додаде, уште повеќе активно ќе можат да стекнуваат знаења и вештини, и појасни дека веќе има дваесетина такви училишта струки и профили во кои се имплементира дуално образование и директна поврзаност со компаниите.

-Во фаза е и формирање на регионални центри за образование и обука, како пилот прво во три училишта, односно во три региони низ земјава и сето тоа бара дополнително поврзување на Министерството за образование, училиштата и компаниите, односно стопанството, рече Наумовска.

Заменик амбасадорот на Швајцарија во земјава, Стефан Томаџан, на денешната Конференција истакна дека еден од факторите за особено силна економија и ниската стапка на невработеност во Швајцарија, е токму квалитетниот образовен систем и системот на стручно образование и обука.

-Еден уникат елемент во овој поглед во Швајцарија е токму силниот ангажман на приватниот сектор во однос на системот на стручно образование и обука. На тој начин се осигуруваат вештините кои учениците ги стекнуваат во училиштето да бидат соодветни на вештините кои што се бараат на пазарот на труд и од страна на работодавачите, истакна Томаџан.

Според него, ангажманот на приватниот сектор се согледува во сите сегменти од системот, а посебно и во управување и финансирање на образованието.

– Пред две години почнавме програма во Северна Македонија што се протега во период од десет години, и која што ќе се однесува на реформи во системот на стручно образование и обука, и навистина сме задоволни од тоа што гледаме дека веќе започнува да се воведува и реализира, истакна Томаџан.

Next Post

„Актер човек“ од Теа Беговска на редовен репертоар во Приштина

Shortcut

Најново

Вештачката интелигенција во ЕРП-системите: „Најверојатно точно“ не е доволно

July 19, 2026
Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

July 19, 2026

Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

July 16, 2026

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

    Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk