ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Го пушти ли некој Камчев „низ вода“?

На почетокот, благодарејќи на агресивната и исполитизирана пропаганда, токму со такви снимки Камчев се претставуваше како херојска жртва, а самиот изјавуваше дека е во мисија да ја спаси честа на правната држава во Македонија; по најновиве снимки, тој веќе личи само на, фигуративно речено, добро натоварено магаре кое сака да глуми нагиздан, параден коњ на дефиле пред македонската правна држава

December 12, 2019 14:17
in ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ

Кога сведокот ќе изјави дека го советувале сè да снима, тешко е да се поверува дека СИТЕ снимки што сега се објавуваат не се негови – а тоа воопшто не е неважно прашање. Друга работа е, ако потекнуваат од него, како тие снимки протекле во јавноста. А кога еднаш почнаа да течат (памтите, од овде до Италија!), таквата поплава тешко се сопира, на сечија штета. Се чини дека „сведокот-жртва“ тукушто го пуштија низ таа вода.

На почетокот, благодарејќи на агресивната и исполитизирана пропаганда, токму со такви снимки Камчев се претставуваше како херојска жртва, а самиот изјавуваше дека е во мисија да ја спаси честа на правната држава во Македонија; по најновиве снимки, тој веќе личи само на, фигуративно речено, добро натоварено магаре кое сака да глуми нагиздан, параден коњ на дефиле пред македонската правна држава.

Но, скандалот е на работ да излезе од контрола на обвинението. Од почетокот, уште минатата пролет, обвинителите цврсто одлучија довербата да ја подарат исклучиво на интерпретацијата на настаните што „сведокот-жртва“ сакаше да ја раскаже. Па, дури, не ги ни сослушаа другите обвинети, а експресно се согласија и со признанието на еден од рекетарите, иако станува јасно дека со тоа веројатно е пропуштена можноста да се комплетира целосната слика за сите и сечии деликвентски намери и дејства во оваа голема афера.

Занимливо, обвинителката Рускоска и во последните, вчерашни изјави тврдоглаво се држи до својата (и на Камчев) верзија на настаните, ставена во ситуација самата да ги демантира исказите на „сведокот-жртва“ што јасно се слушаат во снимките (за ГПС уредот, за платениот истражителен стик, за протекувањето на снимките од Обвинителството…). Не знам зошто, но Обвинителството со својот однос кон „сведокот-жртва“ почнува да наликува на еден познат филозоф кој кога, на смртна постела, свештеникот го прашал дали е подготвен да се откаже од Сатаната, тој со последниот здив му одговорил дека „сега не ми се чини како добар момент да си создавам нови непријатели“…

Зошто толкава подготвеност да се стави сопствениот обвинителски кредибилитет на коцка? Па, не е г. Камчев толкава „Сатана“ за да се ризикува непријателство со него!

Бидејќи и од досегашните сведочења е јасно дека, општо речено, некакви пари се размениле за некој врз некого да влијае, макар што и парите (следени по ГПС) не се знае каде се – но, кој кого поттикнувал, кој што нудел и што барал за возврат, кој кого лажел и надлажувал и местел и подместувал и дали во целата таа филмска шарада Катица Јанева активно учествувала или, со целосно „задремана“ интелигенција, била предмет на вешти манипулации – тие околности се уште понејасни отколку пред почетокот на судењето. А тоа, не само кој ги земал парите, е суштината на целиот случај.

Можеби понатамошното изведување на доказите ќе внесат некој ред во досегашната конфузија од мотиви и дејствија во џакузито од лицемерие во кое заедно весело се шлапкале, со кавијар и шампањ, наводните жртви со наводните рекетари.

Само на Заев како да му се исполнува онаа пророчка, а непристојна августовска изјава, дека нема да дозволи „неколку криминалци, еден суетен новинар и еден педер“ да му ја урнат Владата. Тоа предупредување, ретроспективно погледнато, некои од спомнатите како опасно да го потцениле.


Сите права се задржани. Преземање на содржините e НАЈСТРОГО ЗАБРАНЕТО, освен со писмена дозвола од Редакцијата FRONTLINE.MK. 
Со неовластено преземање на делови или цели прилози од оваа веб страница, СЕ СОГЛАСУВАТЕ на FRONTLINE.MK да му исплатите надоместок од 60.000 денари во рок од осум дена по преземањето на содржината. Оваа обврска не застарува, а за секое доцнење на исплатата ќе биде пресметана соодветна законска камата.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Јане Ѓорѓиоски.

Гордоста ми удри во чело – и ми извади око

July 11, 2025

Се гаси регионалната телевизија Ал Џазира Балканс

July 10, 2025

Мерц: Германија е подготвена да купи американски системи „Патриот“ за Украина

July 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски по извештајот од ЕП: Остануваме горди со крената глава, денес Бугарија работеше против нас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дозвола за постоење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се гаси регионалната телевизија Ал Џазира Балканс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија заглавена – Албанија чекори напред: Владата на Мицкоски го блокира европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мерц: Германија е подготвена да купи американски системи „Патриот“ за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk