ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Негирањето на геноцидот во Сребреница е антицивилизациски чин

Негирањето на геноцидот во Сребреница е антицивилизациски чин. Посебно актуелен околу доделувањето на Нобеловата награда на оној несреќник Хандке. Геноцидот во Сребреница е потврден со судска пресуда во меѓународниот суд во Хаг, како единствен геноцид на тлото на Европа после втората светска војна.

December 12, 2019 14:32
in ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏЕЉО ХОЏИЌ

Негирањето на геноцидот во Сребреница е антицивилизациски чин. Посебно актуелен околу доделувањето на Нобеловата награда на оној несреќник Хандке.

Геноцидот во Сребреница е потврден со судска пресуда во меѓународниот суд во Хаг, како единствен геноцид на тлото на Европа после втората светска војна.

Геноцидот во Сребреница е влезен во институционалната меморија на ЕУ, САД, Канада, В.Британија, Германија… но и во нашата држава, а сеќавањето на жртвите се организира секоја година.

На 04.02.2010 година Собранието на Р. Македонија усвои Декларација за поддршка на Резолуцијата за Сребреница на Европскиот парламент. Со декларацијата се осудува геноцидот врз 8 илјади Бошњаци во Сребреница.

Откако Заев е премиер, кабинетот на премиерот секоја година со соопштение потсеќа на страдањето на жртвите во Сребреница.

Во парламентот на Србија исто е усвоена декларација со која се осудува злочинот во Сребреница. Елементите во декларацијата јасно зборуваат за системскиот злочин направен во градот, но без зборот “геноцид“. Русија го искористи правото на вето, по барање од Србија, за да го блокира признавањето на геноцидот во Сребреница на иницијатива на В.Британија, во ОН. Следуваше жесток одговор од САД, ЕУ, В.Британија, Германија…

Граѓанското општество во Србија, предводено од “Жене у црном”, како и демократските политички сили, предводени од пратеникот Чедомир Јовановиќ (кратко време потпреседател на Владата на Србија), редовно и секоја година го одбележуваат геноцидот во Сребреница, а ја опоменуваат државата Србија дека треба да го признае геноцидот во Сребреница. Свеста по ова прашање во јавноста во Србија се подобрува секоја година, во корист на цивилизациската позиција.

Од тука, сакам јавно да ја поддржам принципилената позиција на министерот Димитров, како и неговата одлука да му даде насоки на нашиот амбасадор во Шведска да не учествува во церемонијата за овогодинешното доделување на нобеловата награда на Хандке.

Кристина Доктаре, шведска докторка и авторка, која има добиено Нобелова награда за мир во 1988 година, како членка на мировните сили на ОН, ја врати престижната награда, во знак на протест против врачувањето на Нобеловата награда за литература на Хандке.

Што се однесува до позицијата на градоначалникот на Центар, објавена на социјаланите мрежи, лично жалам што се позиционира на погрешната страна на историјата. Сега ја очекувам принципиеланата реакција на граѓанските организации, посебно на оние кои се залагаат за човекови права.

Next Post

Јана Арсовска од Охрид ја изгуби битката со ракот, вечерва требаше да се одржи хуманитарен концерт

Shortcut

Најново

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

Мицкоски: Продолжуваме со субвенционирање на авиолинии и отворање на нови

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија

June 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk