Собранието го изгласа Максим Ацевски за нов државен ревизор.
За него гласаа сите парламентарни партии откако претходно се договорија во Комисијата за избори и именувања. Иако за Мицевски имаше консензус опозицијата повторно ја искористи говорницата да ја обвинува власта за други теми.
Мицевски е избран за прв ревизор со 81 гласа „За“ и ниту еден против.
По гласањето, новиот државен ревизор положи заклетва.
Инаку, откако во декемрви 2017 година истече мандатот на главниот државен ревизор, а на 4 октомври годинава и на заменикот-главен државен ревизор, ДЗР остана без законски застапник. Оваа состојба значеше дека институцијата којашто врши ревизија над финансиското работење на државните органи, општините, буџетските корисници, јавните друштва, трговски друштва каде државата е доминантен акционер, агенциите и други институции основани со закон, политички партии, корисници на средства од ЕУ и други меѓународни институции, од 4 октомври е практично блокирана во извршувањето на своите активности пропишани со закон.
Поради тоа што Државниот завод за ревизија немаше прв човек не можеше ни да се исплатат плати на вработените, а тие излегоа и на протест пред неколку недели.
А. Зеќири