ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ангеловска: Мој ДДВ#Моја награда стартува за два дена, за граѓаните трикратна корист

На месечно ниво предвидено е доделување на 15 награди по 100.000 денари.

December 13, 2019 13:02
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter
„Секоја фискална сметка е важна“ е слоганот на наградната игра Мој ДДВ #Моја награда што стартува на 15-ти овој месец и ќе трае една година до 14 декември 2020 година.  Наградниот фонд е половина милион евра, а ќе се доделат 3852 парични награди на дневна, месечна и две главни награди. Првото извлекување за месечните награди е на 4 јануари, а извлекувањето на главните награди ќе се одржи на 18 март 2020 година и на 19 декември 2020 година.

Ова го соопштија денеска министерката за финансии Нина Ангеловска и директор за комуникации и маркетинг во Државна лотарија Камелија Левенска.

-За два дена почнува Мој ДДВ#Моја  награда. Граѓаните кои скенираат фискални сметки ќе имаат трикратна корист. Ќе имаат шанса да добијат една од 3852-те награди во вкупен фонд од половина милион евра. Ќе добиваат поврат на ДДВ и ќе придонесуваат во борбата против сивата економија која во нашата држава изнесува една третина, рече министерката за финансии.

Верува дека ќе даде резултати, како што покажува искуството во другите земји, особено земјите во развој кои организирале вакви наградни игри и кои придонеле да се намали сивата економија и дека и кај нас  зааедно со граѓаните ќе се придонесе на намалување на сивата економија.

На дневна основа ќе се доделуваатчетири награди по 1000 денари, три награди по 2000 денари и три награди по 3000 денари. Наградите ќе се влечат електронски, известувањето ќе го добијат веднаш по скенирање на сметката, а граѓаните средствата ќе ги добијат на трансакциска сметка.

На месечно ниво предвидено е доделување на 15 награди по 100.000 денари. Ќе учествуваат фискални сметки во периодот на еден месец од едно до друго извлекување. Нема да учествуваат фискални сметки што веќе биле добитни на дневна награда. Датумите на извлекување се веќе објавени, а првото ќе стартува на 4 јануари, веднаш по лото извлекувањето што се емитува на Канал 5 телевизија.

Доделувањето на главните награди од по 3.000.000 денари ќе се одвива во посебни емисии на 18 март и 19 декември 2020 година.

Во наградната игра учествуваат и фискални сметки на кои е изразено дека нема ДДВ и затоа, како што рече Левенска, и мотото е дека секоја фискална сметка е важна.

Го оцени проектот како обемен, но од кој бенефит ќе имаат граѓаните.

Истакна дека во Државната лотарија ќе треба да дојдат и добитниците од оваа наградна игра на месечните награди и двете главни награди заради идентификација.

За учество во наградната игра најпрво граѓаните треба да е регистриран на системот е-Персонален данок, да е корисник на апликацијата МојДДВ, каде се појавува известување за наградната игра при што треба да се прифатат условите за учество.

Од почетокот на месецов во тек е исплатата на повратот на граѓаните за скенираните фискални сметки. Досега е направен поврат на 100.000 граѓани, а како што рече министерката, во трезорот постојано пристигнуваат налози за обработка и сите граѓаните ќе го добијат повратот на ДДВ. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Генерирано со ВИ

Израелско-ирански напади: Кои се најлошите можни сценарија?

June 14, 2025

(ВИДЕО) Голем пожар во Дубаи: Гореше небодер со 67 ката, евакуирани речиси 4.000 луѓе

June 14, 2025
Генерирано со ВИ

Пакистан повикува муслиманските држави да ги прекинат односите со Израел

June 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поради притисоци по поддршката на студентите, овој EXIT ќе биде последен во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најголеми непријатели на македонскиот јазик и на мислењето, на идентитетот, се мпц и вмро!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Индискиот авион се урна врз хостел за лекари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија поведе против Молдавија во Дејвис купот, Мицов го донесе првиот поен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk