ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Масовен студентски марш кон Нови Сад, една година без одговорност за падот на настрешницата

October 31, 2025 10:17
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Фото: МВР Србија

Фото: МВР Србија

Share on FacebookShare on Twitter

Во Нови Сад утре ќе се одржи комеморативен собир, каде што, на повик на студентското движење, студенти и граѓани од цела Србија ќе им оддадат почит на загинатите при падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад пред една година.

Студентите во блокада веќе една година, предводат бран граѓански протести со кои бараат одговорност од властите за смртта на 16 лица при падот на реконструираната настрешница на главната железничка станица во Нови Сад лани.

Кон крајот на ноември минатата година, започнаа блокади на  факултети на шест државни универзитети како одговор на физичкиот напад од страна на владини претставници врз студентите на Факултетот за драмски уметности во Белград, додека тие стоеја на улицата и тивко им оддаваа почит на загинатите.

Во март, во Белград се одржа најголемиот протест организиран од студенти во изминатата година, на кој, според Архивата на јавни собири, присуствуваа меѓу 280.000 и 330.000 луѓе.

Претходно, во ноември, тие побараа објавување на целосна документација за реконструкцијата на железничката станица каде што се случи несреќата, итно гонење на луѓето кои претепаа студенти на ФДУ во Белград, прекин на судските постапки против уапсените за учество во демонстрации и зголемување на буџетот за факултетите за 20 проценти. Откако барањата не беа исполнети, во мај тие побара распишување вонредни парламентарни избори.

Претседателот на државата, Александар Вучиќ, одби да распише нови избори.

В сабота, на 1 ноември, Нови Сад ќе се одржи комеморативен собир за да се одбележи годишнината од падот на бетонската настрешница на железничката станица во тој град, кога 16 лица ги загубија животите.

Засега не е познато како ќе изгледа тој собир, но студенти од голем број градови во државата се упатуваат кон Нови Сад. Дел од нив веќе пешачат кон тој град во Војводина.Илјадници претежно млади луѓе во Србија започнаа вчера дводневен марш од Белград со цел да се приклучат на голем митинг овој викенд по повод годишнината од смртоносната катастрофа на железничката станица.

Студентите кои пешачат од голем број други градови во државата кон ови Сад, нагласуваат дека тоа се маршеви не само помеѓу два града туку – пат помеѓу неправдата и одговорноста, дека тие симболични чинови се апел до совеста, апел за солидарност и достоинство, јавија белградските медиуми.

Здружението на независни електронски медиуми (АНЕМ) ги повика надлежните органи во Србија да овозможат непречена работа в сабота во Нови Сад за сите медиумски екипи кои ќе известуваат по повод годишнината од трагедијата предизвикана од падот на бетонската настрешница на железничката станица, да ги заштитат новинарите од евентуално насилство, но и да се воздржат од прекумерната сила што ја покажаа на неколку неодамнешни јавни собири.„Само во август и септември, регистрирани се 22 напади врз новинари од страна на полицијата додека известувале од јавни собири, без претходно претставници на полицијата да реагираат на случаи на физички и вербални напади врз претставници на медиумите од страна на насилници“, се вели во соопштението на АНЕМ.

Мисијата на ОБСЕ во Србија го поддржа проектот на AНЕМ „24/7 СОС телефонска линија за помош на новинари и други загрозени медиумски работници“, во рамките на проектот финансиран од ЕУ „Зајакнување на слободата на изразување и слободата на медиумите во Србија“.

И по една година протести и барања од граѓани и студенти, никој се уште не  е повикан на одговорност за падот на бетонската настрешница. Јавното обвинителство за организиран криминал поднесе обвинение против тринаесет лица во врска со штета на буџетот од 115 милиони долари за време на реконструкцијата на железничката пруга Нови Сад-Келебија во декември лани, но се уште нема значаен напредок. Горан Весиќ, поранешниот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, сè уште не е сослушан, поради здравствени причини.

Кон средината на септември, Вишото јавно обвинителство во Нови Сад повторно покрена обвинение против поранешниот министер Горан Весиќ и 12 обвинети во овој случај. Сега обвинението се проверува. Обвинетите се товарат за кривични дела што се квалификуваат како тешки кривични дела против општата безбедност од член 288 став 2 од Кривичниот законик.

На почетокот на април, Вишиот суд во Нови Сад го врати на дополнување обвинението против 13 лица поради падот на настрешницата, во која загинаа 16, а едно лице беше тешко повредено. По анализата на обвинението и доказите, вонсудечкиот совет на овој суд одлучи дека „е потребно подобро разјаснување на прашањето за да се испита основаноста на обвинението“.

Tags: Нови Садпротести
Next Post
Фото: Фронтлајн, генерирано со ВИ

Временско ЕХО – 31 октомври

Shortcut

Најново

Фото: Скриншот, ведео Јутјуб, Индипендант

Трамп воведе нови царини за над 80 земји

July 24, 2026

Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

July 23, 2026

Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции

July 22, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

July 21, 2026

Филипче од Гостивар: Лошо се менаџира кризата, нема систем, граѓаните се оставени сами да се справуваат

July 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

    The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk