ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Децениската неправда кон стечајците…

Правдата, сепак, стаса. Во 2017 година, со првите мерки за исполнување на дел од барањата на стечајците, почна да се решава пробллемот на кој власта на Груевски беше глува цела една деценија. Неправдата е исправена, 12.000 стечајци добиваат по 8.200 денари до пензионирање. Добра вест.

December 13, 2019 11:11
in ESPRESSO, ДЕНЕС, СОЦИЈАЛА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

коментира: ЏАБИР ДЕРАЛА

На тревникот пред Собрание беа застанати, чучнати, па и легнати неколку луѓе. Лето, 2014 година. Меѓу луѓето на тревникот стоеше нашата хероина, борка за социјална правда, Лиле Стечајка, како што ја нарекувавме. Во еден миг, дојдоа неколку полицајци и побараа стечајците да си одат. Наводно, причината беше дека не се доволно бројни за да одржат протест. Беа само 17-мина.

Една полицајка неволно ја спроведуваше задачата. Се тргна на страна и тивко ми кажа дека наредбата да ги избркаат стечајците од пред Собрание тешко ѝ паѓа. И мене, ѝ одговорив, се чувствувам засегнат и погоден, јас самиот сум син на работничка што беше технолошки вишок, што во крајна линија е исто. Ние „се пријавивме“ како демонстранти. Ни зедоа лични карти. На лицата на полицајците се гледаше дека им е тешко што го прават тоа. Тој ден, сепак, имаше протест. Имаше протести многу пати пред тоа, многу пати по тој ден. Стечајците само го бараа тоа што им припаѓа, минимална социјална сигурност, додека низ Скопје никнуваа апсурдни градби и споменици кои сите нас нѐ чинеа и сѐ уште нѐ чинат милиони евра.

Правдата, сепак, стаса. Во 2017 година, со првите мерки за исполнување на дел од барањата на стечајците, почна да се решава пробллемот на кој власта на Груевски беше глува цела една деценија. А ни претходните гарнитури не се прославија со решенија на статусот на стечајците, како што ни трансформацијата на општествениот капитал не беше славна епизода од нашето блиско минато.

Во 2017 година, Лилјана Георгиевска (Лиле Стечајка) во изјава за ЦИВИЛ МЕДИА кажа дека повеќе од половината стечајци никогаш нема да ја дочекаат правдата. Починале.

Денеска, читам дека оваа децениска неправда е исправена, 12.000 стечајци добиваат по 8.200 денари до пензионирање.

Искрено се израдував. Можеше да биде многу порано, можеше да биде и многу повеќе. Но, ова е добра вест. Навистина добра вест.

 

 


Сите права се задржани.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

До сабота многу топло со температури над 40 степени

July 22, 2025

Хуманитарни организации на протест „Црвена линија за Газа“ во центарот на Лондон

July 22, 2025

Белгија воведува даночни олеснувања за семејствата со деца и за лицата со ниски примања

July 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ќулавкова до Милошоски: Предлогот за заедничка резолуција со Бугарија е „руски рулет“, македонскиот јазик е заштитен и со Преспанскиот договор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јачева-Улчар за предлогот од Милошоски: Потенцијална стапица под маската на европското решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филозофот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Усик го нокаутира Дубоа во петтата рунда и стана апсолутен светски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ССМ: Синдикална минимална кошница за јули изнесува 65.328 денари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk