ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Зачестени напади врз функционери на СДСМ

Обиен стан, обид за киднапирањепирање дете, запалени автомобили, се дел од сериозните инциденти насочени кон функционери на СДСМ.

December 13, 2019 16:08
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Во последниве три дена се случија два сериозни инциденти, на членови на семејствата на функционери на владејачката СДСМ, односно врз нивниот имот.

Имено, според полицискиот билтен, во четвртокот, мета на крадци бил домот на пратеничка на СДСМ.

-И.С. пријавила дека на ул.„Мирослав Крлежа“ во Скопје насилно е отворена влезната врата од станот, е наведено во полицискиот билтен. Од МВР велат дека уште се работи на случајот и утврдување на точната ситуација.

Во Кочани, пак, среде бел ден обид за киднапирање на седумгодишно девојче – ќерка на пратеник на СДСМ, се случил во вторникот. Додека девојчето се враќало од училиште го пресретнало возило со странски регистарски таблички, а непознати лица му наредиле да влезе во автомобилот. Во тој момент дедото на малолетното девојче ги забележал па тие побегнале.

МВР го потврди случајот и соопшти дека се приедени две лица на возраст од 18 години кои со патничко возило „БМВ“ се движеле низ улиците по градот и вознемирувале граѓани.

-Лицата се приведени во полициска станица Кочани, а за случајот е известен јавен обвинител – стои во соопштението на МВР.

Пред неполни два месеца, пак, во штипската населба Сењак, на улицата „Борис Крајгер“ рано утрото беа опожарени пет возила, од кои три целосно, а две делумно.

Меѓу трите целосно изгорени возила беа автомобилите на Никола Тушев, поранешен претседател на ОО на СДСМ Штип и на неговиот татко Мите Тушев, инаку брат и татко на поранешната пратеничка од СДСМ, Маринела Тушева.

Никола Тушев, тогаш рече дека настанот се случил по 5 часот утрото, а дека неговото возило и возилото на неговиот татко биле паркирани на две оддалечени места на паркингот, а палењето било извршено со молотови коктели.

Неодамна, откако градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, купи и на повеќе локации во градот постави нови, погабаритни контејнери, за многу кус период беа запалени дел од нив. Во јавноста се проширија гласини дека и дел од тие опожарувања на контејнери се израз на револт на политичките неистомисленици.

Дали овие случаи на загрозување на безбедноста на функционерите на СДСМ, но и на нивните најблиски ќе останат само изолирани случаи останува да видиме, а со оглед на тоа што сме далеку од најавените предвремени парламентарни избори, на органите на редот е да откријат дали имаат некаква политичка заднина, но и да ги спречат во иднина.

Б. Богдановска

Next Post

Обвинителен акт против 11 лица во предметот „Шпански скали“

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk