ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Администрацијата чистеше и во Прилеп

Дождливото време не беше пречка акцијата за чистење на градот и неговата околина да биде успешно реализирана. Администрацијата, јавните комунални претпријатија, вработените во неколку градежни фирми кои на терен излегоа со целокупната расположива механизација, заедно со поголем број на граѓани покажаа висок степен на еколошка свест и со успех ја спроведоа иницијативата на Владата за чистење на животната средина

December 14, 2019 16:30
in ЗЕЛЕНА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Дождливото време не беше пречка акцијата за чистење на градот и неговата околина да биде успешно реализирана. Администрацијата, јавните комунални претпријатија, вработените во неколку градежни фирми кои на терен излегоа со целокупната расположива механизација, заедно со поголем број на граѓани покажаа висок степен на еколошка свест и со успех ја спроведоа иницијативата на Владата за чистење на животната средина.

Согласно претходно направениот план, со чистењето беа опфатени локациите посочени од страна на ЈКП „Комуналец“. Се чистеа диви депонии, просторот околу магистралниот пат Прилеп-Битола, регионалниот Прилеп-Градско и неколку локални патишта.

Градежната механизација работеше на расчистување на дивите депонии над касарната „Мирче Ацев“ и ИКТ центарот, патот од бензинската „Лукоил“ до клучката кај хотел „Салида“, како и на потегот од „Склештен мост“ до излезот кај фабриката „Милина“. Исто така, градежната механизација беше ангажирана и за чистење на Дабнички канал, непосредната околина на црквата во населбата Точила и новите градски гробишта.

Целосно се исчисти просторот од прилепската касарна па се’ до чешмата кај вештачкото езеро, патот и околината на манастирот кај село Селце, обиколницата кај Фабриката за цигари, просторот кај старите градски гробишта, а беа исчистени и повеќе други локации во градот и неговата блиска околина.

 

1 of 7
- +

 

Next Post

Идната недела се гласа за отповикување на Трамп

НАЈНОВО

Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче продолжува да го игра бугарското сценарио и да ја понижува сопствената држава

November 5, 2025
Скриншот

(ВИДЕО) Мамдани: Њујорк ќе остане град на имигранти, град изграден од имигранти, управуван од имигранти и од вечерва, предводен од имигрант

November 5, 2025
Скриншот

Ердоган: Турција влезе во нова фаза од напорите за прекин на насилството на курдските милитанти

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk