ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Над четвртина од вработените во МВР се жени, но уште има разлики во систематизациската застапеност

Проректорот на Универзитетот Св.Климент Охридски, проф.д-р Марјан Ѓуровски истакна дека целта на денешниот форум е да подигне свеста за состојбата на жената во безбедноста и одбраната

December 14, 2019 13:17
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФЕМИНА
Share on FacebookShare on Twitter

Половата структура на Министерството за внатрешни работи покажува дека над четвртина од вработените во оваа институција се жени, меѓутоа по однос на систематизациската застапеност се уште постојат извесни разлики, независно што жените заземаат некои од клучните позиции во управувањето со организационата структура во Министерството, истакна денеска вицепремиерот и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски на форумот „Родовата перспектива и улогата на жената во реформите на безбедносниот систем“.

Тој истакна дека едно од клучните прашања во развојот на современите европски демократски трендови, меѓу другото е и прашањето околу родовата рамноправност и адекватната застапеност на женската популација првенствено како суштински и активен чинител во севкупниот општетствен развој, вклучително и во сферата на безбедноста.

– Во годините зад нас беа направени низа, пред се нормативни измени и решенија со кои се создадоа фундаменти за решителен и значаен исчекор во оваа област. Со тоа се отвори простор за посилно вклучување на жената во сите институционални и други структури, во процесите на креирање политики, на носење на одлуки, во процесите на проценување решавање, така што и статистички меѓутоа и суштински драматично се измени состојбата во полза на вклучувањето на жените како рамноправен актер во сите општествени текови, нагласи Спасовски.

Проректорот на Универзитетот Св.Климент Охридски, проф.д-р Марјан Ѓуровски истакна дека целта на денешниот форум е да подигне свеста за состојбата на жената во безбедноста и одбраната, со акцент на идните конкретни чекори и политики кои ќе се преземат во однос на предизвиците на жените професионалци во безбедносниот систем.

– Треба уште повеќе да се работи на поголема застапеноста на родовите перспективи во јавните политики, вклучително во политиките за национална безбедност и подобрување и унапредување на законската регулатива во насока на надминување на проблемите со кои се соочуваат жените, но и мажите во Република Северна Македонија, не само на своите работни места туку и во секоја сфера каде се забележани појави на дискриминација, потенцираше Ѓуровски.

Тој нагласи дека мора да имаме нулта толеранција за појавите на која било форма на сексизам под чие влијание се губат најквалитетните кадри.

Next Post

Заев: И бугарските пратеници аплаудираа кога во ЕП се обратив на македонски јазик

НАЈНОВО

Фото: МИА

Предизборен молк пред вториот круг: Денеска гласаат болни, затвореници и изнемоштени лица

November 1, 2025

Само 10 отсто жени во трката за градоначалничко место во првиот круг, во вториот круг само три кандидатки

November 1, 2025
Анаис

Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

November 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид и Барселона на чекор од напуштање на Евролигата, НБА врши притисок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 31 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дерала за Алсат М: Националистичката реторика за време на локалните избори буквално ги замени сите други слогани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk