Два настани во еден ден и двата во болници за деца. Иако се на двата краеви од Европа, едната во Англија а другата кај нас во Македонија, убавите приказни се надополнуваат една со друга.
Онаа во Ливерпул е од Европските шампиони во фудбал – фудбалерите на Ливерпул и нивниот тренер Јирген Клоп, за децата од „Alder Hey Children’s Hospital and Charity“.
Другата е кај нас од Суперхероите од тимот на Црвениот крст од Скопје за децата пациенти од Клиниката за детски болести во Скопје
И настанот во Лондон и магичната приказна на суперхероите во Скопје, го измамуваат најдрагоценото од децата – нивната насмевка.
Ј. Ѓорѓиоски











