ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Смена на врвот на Социјалдемократската партија на Косово по изборниот дебакл

Во образложението на оставката, Ахмети нагласи дека тој лично ја презема одговорноста за неуспехот на партијата на изборите.

December 15, 2019 18:16
in РЕГИОН, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Социјалдемократската партија на Косово (ПСД) и градоначалник на Приштина, Шпенд Ахмети поднесе денеска оставка од челната функција во ПСД, откако таа партија не успеа да освои ниту едно пратеничко место на октомвриските вонредни парламентарни избори во земјата, јави дописникот на МИА од Приштина.

Ахмети за оставката информира преку неговата страница на Фејсбук, нагласувајќи дека нема да преземе ниеден друг ангажман, ниту во партијата ниту во други институции, се до истекот на мандатот на градоначалник на косовскиот главен град.

Во образложението на оставката, Ахмети нагласи дека тој лично ја презема одговорноста за неуспехот на партијата на изборите.

На седницата на Собранието на ПСД, која досегашниот лидер ја свика по оставката, за нов лидер на партијата е избран досегашниот пратеник Дардан Молиќај, познат во косовската јавност како еден од истакнатите милитантни членови, како во ПСД, така и во неговата претходна партија, Движењето Самоопределување (ВВ).

Според соопштението на ПСД, за нов партиски лидер, покрај Молиќај конкурирале уште четири лица, меѓутоа нивниот идентитет не е откриен. Единствената информација што ја објави партијата по завршувањето на седницата која се одржа зад затворени врати, е дека Молиќај е избран на тајно гласање, со освоени 83 отсто од гласовите на 227 присутни делегати.

Новиот партиски лидер одби да даде изјава за медиумите.

Повеќе од десет истакнати членови на ВВ, меѓу кои и Ахмети и Молиќај, во мај 2018 година ја напуштија партијата на Албин Курти и ја презедоа речиси згаснатата ПСД на некогашната косовска функционерка, а подоцна дисидентка во комунистичка Југославија, Каќуша Јашари. Расколот во ВВ се случи откако Курти, иако во март 2015 година објави дека се повлекува од лидерската функција, во јануари 2018-та реши повторно да ја преземе партијата, која во меѓувреме ја водеше Висар Имери.

ПСД формира пратеничка група во последниот собраниски состав и, иако се декларира како опозиција, ја поддржа владата на Рамуш Харадинај во неколку значајни одлуки, како што е усвојувањето на минатогодишниот буџет и формирањето на собраниски тим за преговори со Србија, за чиј копретседател беше именуван нејзиниот лидер Ахмети.

На изборите одржани на 6 октомври, ПСД настапи во коалиција со Алијансата за иднината на Косово (ААК) на Харадинај, но доживеа целосен дебакл, затоа што, и покрај тоа што 13 членови од заедничката листа на кандидати освоија пратенички места во новото Собрание, ниеден од нив не е од редовите на ПСД.

Next Post

Најмногу струја во Европа извезува Франција, а увезува Италија

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk