Корисниците од зградата број 4, влез 3 на улицата „Пушкинова“ во Општина Карпош утре од 9 до 11 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.
Од 9 до 15 часот без струја ќе бидат и делови од улиците „Серска“ и „658“ во Општина Кисела Вода.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во електро-системот на Град Скопје од страна на екипи на „ЕВН Македонија“ АД.