Битолската и скопската полиција пред два дена на скопската улица Шуто Оризари уапсила 29-годишен битолчанец под сомневање дека е вмешан во фингирано извршување кривични дела грабнување и изнуда.
Како што информираат од МВР, на 14 декември таткото на 29-годишникот во битолската полиција пријавил дека неговиот син бил киднапиран и дека грабнувачите бараат пари за негово ослободување.
Битолчанецот и од претходно ѝ е познат на полицијата бидејќи бил пријавуван за кривични дела, издржувал затворска казна, а имал и долгови кон повеќе лица.
Тој бил приведен додека влегувал во автомобилот „алфа ромео“, сопственост на татко му, за кое тврдел дека со него е грабнат, а кај него биле и дел од означените пари што биле предвидени за негов наводен откуп.
По документирање на случајот, полицијата ќе поднесе соодветна пријава до битолското Основно јавно обвинителство.