ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Ременски во Обвинителство дава исказ за „Меѓународниот сојуз“

– Јас никогаш не молчам за ништо, рече Ременски при влегувањето во Обвинителството.

December 17, 2019 10:38
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Пратеничката Фросина Ременски денеска пристигна во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, каде треба да даде исказ за истрагата во врска со случајот „Меѓународен сојуз“.

– Јас никогаш не молчам за ништо, рече Ременски при влегувањето во Обвинителството.

Ременски вчера по излегувањето од Обвинителството, каде вршеше увид на доказниот материјал против неа за овој случај, рече дека видела сè, освен докази.

– Јас го остварувам моето право согласно законот. Не би коментирала за доказите бидејќи тоа е надлежност на институциите. На сите прашања ќе одговорам кога ќе дадам исказ пред Обвинителство, рече Ременски одговарајќи на новинарско прашање.

Таа додаде дека немало нејзин потпис на ниту еден документ доставен како доказ во Обвинителството.

На распит кај обвинителката Вилма Рускоска вчера во врска со сомненијата за измама и перење пари во проширената истрага за случајот „Рекет“ беше потпретседателката на невладината организација „Меѓународен сојуз“, Јасна Мандиќ.

Овој дел на истрагата, која Обвинителството ја отвори на 9-ти октомври против пет лица,  се однесува на измамите со изградба на центри за возрасни лица, за кои беа барани пари од бизнисмените Силјан Мицевски, Ардијан Азмоски и други.

Од Обвинителството соопштија дека врз основа на предистражната постапка обвинителот што раководи со постапката, дошол до сознанија што укажуваат дека во периодот од јули 2017 до април 2018 година, првоосомничениот Бојан Јовановски – Боки 13 како претседател на осомниченото правно лице, искористувајќи документи од правното лице, довел и одржувал во заблуда двајца управители на две друштва за градежништво.

– Тој лажно прикажувајќи дека ќе обезбеди државно неизградено земјиште за изградба на центар за возрасни лица и мобилен сервис, а потоа и субвенционирање од страна на државата, од оштетените преку авторска агенција успеал да добие парични средства од 719.905 евра од едното правно лице и 233.821 евра од другото. Останатите осомничени лица со умисла му помагале на првоосомничениот во извршувањето на кривичните дела изготвувајќи договори, подигнувајќи ги уплатените средства и уплаќајќи средства на други правни лица по основ на позајмица или донација, информираа од Обвинителството.

Во овој случај осомничени се и Миле Јовановски, таткото на Боки 13 и неговата асистентката Христина Блажевска.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Македонскиот оркестар „Фејмс“ дел од спектаклот за најавата на „Дизниленд Абу Даби“

May 14, 2025

Жерар Депардје прогласен за виновен за сексуален напад на снимање филм

May 14, 2025
Handy Wicaksono / Unsplash

Белгија: Поштарот во борбата против осаменост и депресија кај старите лица

May 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стабилно нестабилна Влада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: Потребно е обединување на напорите на сите прозападни политички сили за брзо враќање на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Русија бара премногу отстапки за да се стави крај на војната во Украина, изјави Џ. Д. Венс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk