Австриските власти објавија дека бил разоткриен заговор за извршување терористички напади по Божиќ.
Tерористите планирале активирање експлозини направи на божиќен пазар во близина на катедралата Свети Стефан во Виена меѓу Божик и нова година како и напади во Салцбург, Германија, Франција и Луксембург. Анонимен повик до властите открил за подготовка на нападите.
Нападите ги планирал терорист кој е во затвор откако двапати се обидел да се приклучи на Исламска држава во Сирија. Тој преку мобилен контактирал со лицата кои требало да го извршат нападот. Во полициската акција уапсени се соучесниците кои се на возраст од 25 и 31 година. Тројцата се со чеченско потекло.