Постоењето на македонскиот јазик е факт, меѓународно верификуван од светската лингвистичка наука. Оттука, секоја расправа за оваа проблематика ја сметаме за беспредметна и спротивна на духот на меѓусебната соработка на МАНУ и БАН, соопшти Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), пренесе МИА.
Во соопштението се посочува дека Претседателството на МАНУ денеска одржа седница на која се произнесе за ставот на Бугарската академија на науките (БАН) за македонскиот јазик.
На седницата, како што соопштува Академијата, е заклучено дека Владата треба да им даде поголемо значење и фианнсии на проектите за научно истражување на македонскиот јазик.
– Ја користиме оваа пригода да апелираме до Владата на Република Северна Македонија за потребата проектите за научно истражување на македонскиот јазик врз кои работи МАНУ и другите соодветни институции, во иднина да добијат приоритет и позначајна финансиска поддршка од Владата, соопшти МАНУ.