ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО СОЦИЈАЛА

Кампања „Топол дом за сите“, на Проект за среќа

Топол дом за сите и реконструкција на живеалишта на семејства со деца, кои се во социјален ризик и нехумани животни услови е целта на новогодишната хуманитарна кампања создадена од Здружението за хумано-општествен развој “Проект Среќа” која почна денеска

December 19, 2019 16:17
in СОЦИЈАЛА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Топол дом за сите и реконструкција на живеалишта на семејства со деца, кои се во социјален ризик и нехумани животни услови е целта на новогодишната хуманитарна кампања создадена од Здружението за хумано-општествен развој “Проект Среќа” која почна денеска, пренесе МИА.

Кампањата се состои од донаторски броеви и наменска сметка на кои граѓаните и компаниите ќе може да донираат, голем донаторски Телетон и песна со видео спот за дополнителна промоција на кампањата. Со собраните средства ќе бидат реновирани живеалишта на семејства со деца кои се избрани по приоритетност, со фокус на руралните средини низ целата држава.

– Преку своите активности, како здружение сме имале можност да влеземе во многу социјално загрозени домови и да видиме во какви услови живеат децата и колку многу им недостига од основните животни потреби. Токму затоа решивме, нашата енергија да ја насочиме кон тоа, да организираме цела кампања во која ќе се обединиме сите, граѓани, компании, јавни личности и да собереме донации и средства за реновирање на домовите на најпогодени семејства и да обезбедиме минимум достоинствен живот и услови за децата од овие семејства. На некој начин кампањата ќе биде гласот на овие деца и повик до сите да се вклучат за да им обезбедиме топол дом. Затоа и го избравме периодот околу новогодишните празници, со цел празничниот дух и атмосфера да нè потсети дека сите заслужуваме среќа и топол дом, изјави Кристина Арнаудова основач и претседател на Здружението „Проект среќа“.

Кампањата официјално започнува на денеска со промоција на песната и спотот која ќе биде поддршка на кампањата. Песната е испеана од деца кои најчесто се на улиците и крстосниците, авторско дело на Бојан Трајковски од Ај Кју, а е снимена во студиото Габроски. Во изработката на песната и видеото учествуваат низа јавни личности, Кристина Арнаудова, Биба Додева, Дани, Дарио, Ѓоко Танески, Ај Кју, Лина Пејоска, Сара Мејс, Ване Марковски, Димитар Атанасовски, Сашко Коцев. Во спотот и песната главни ѕвезди се децата од Дневниот центар за деца од улица “Шуто Оризари” и Фаик, кој ја има и главната улога во спотот. Видеото го изработи Дарио Јанковиќ.

-Пораката која сакаме да ја пратиме со песната и кампањата воопшто е дека секое дете заслужува достоинствен живот и новогодишна радост. На децата не им е местото на улица, а ние како возрасни, наместо да ги осудуваме мораме да пробаме да им помогнеме и разбереме оние деца на кои не им бил даден друг избор освен улицата, дополнува Арнаудова.

Една од активностите на кампањата е големиот донаторски Телетон, којшто ќе се одржи на 29 декември од 18 до 21 часот на програмата на МТВ и каде сите јавни личности ќе се вклучат со цел собирање што повеќе донации. Сметката каде граѓаните ќе може да ги уплатат своите донации е 300-0000039428-92 со назнака ТОПОЛ ДОМ ЗА СИТЕ и на телефонските броеви 070/143 403 и 077/143 600.

Кампањата ќе трае до 15 јануари кога ќе бидат отворени донациите и официјално ќе биде објавено колку средства се собрани и каде помошта ќе биде распределена.

Next Post

Осумгодишен јутјубер заработи 26 милиони долари за една година

Shortcut

Најново

Тага за сѐ што е живо

September 23, 2026

Денот по Денот на мирот

September 22, 2026

Самит за Крим во Њујорк: Политичкиот прогон, милитаризацијата и деокупацијата во центарот на меѓународната агенда

September 22, 2026
Сања Божиновска (фото: https://energy.gov.mk)

Броила, „Руднап“ и 13,2 милиони евра: Каде лежи зајакот во судирот Божиновска – СДСМ?

September 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 2 октомври

September 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk