Осумгодишниот Рајан Каџи заработи 26 милиони долари со неговиот YouTube канал, со што стана најплатен креатор на платформата, според Форбс.
Каџи, чие вистинско име е Рајан Гуан, веќе беше најплатен јутјубер во 2018 година, со 22 милиони долари, исто така според Форбс.
Неговиот канал „Ryan’s World”, лансиран во 2015 година од неговите родители, е само три години стар, а веќе има 22,9 милиони следбеници.
Иницијално наречен „Ryan ToysReview”, најмногу содржи видеа во кои тој отвора играчки и си игра со нив.
Некои видеа имаат повеќе од милијарда прегледи, а сајтот повеќе од 35 милијарди прегледи, според страницата за анализи Social Blade.