Со маски на лицата и транспаренти, ученици од неколку средни училиште во Скопје утрово го започнаа најавениот бојкот, револтирани од огромното загадување на воздухот. Дел од нив се пожалија до редакцијата на Радио МОф за закани од професори и директори дека ќе им ги намалат оценките, ќе им пишат неоправдани и дека дополнително ќе ги обработуваат часовите.
Гимназијалците од средното „Орце Николов“ денеска ја бојкотираа наставата во дворот и холот на училиштето. Најавија дека бојкотот ќе трае до 14 часот.
„Бојкотот се должи на загадувањето кое, нели, знаеме сите колку е енормно. Најпрво беше дека училиштето не е поврзано со загадувањето, а ние како ќе доаѓаме на училиште, со боци кислород? Сето тоа се должи на ова наше денес бојкотирање, кое е и еден апел до оваа држава да се разбуди и да сфати дека ние мора нешто да преземеме затоа што маглата нема да си отиде сама од себе. Мислам дека немаше вршење никакви притисоци, затоа што зборувавме и со директор и со служби. Беше кажано дека може да има некои последици од стилот дека не е ова поврзано со училишната настава. Ние сметаме дека е, и затоа сме денес тука собрани“, изјави средношколката Мелани Цветковска за Радио МОФ.
Целиот текст ТУКА