Пратеникот и поранешниот координатор на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев денеска извести дека испратиле информација за состојбата со аерозагадувањето и бараат од спикерот Талат Џафери уште во понеделник да ја стави на дневен ред за дискусија.
Но на прашање на новинарите, дали ги детектирале причините и дали имаат решение, Данев не одговори конкретно. На 3-4 обиди на новинарите, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ одговори со тоа дека имало заклучоци од лани и дека на дискусија ќе заклучат кои би можеле да бидат мерките за решавање на проблемот.
Тој, исто така, призна дека загадувањето не е проблем од денеска туку е „децениски проблем“.
Арбен Зеќири