ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФЕМИНА

Арсовска и Мандела во Глобалниот комитет на жени лидери

Во бордот има и Македонка, Претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска.

December 23, 2019 15:00
in ДЕНЕС, ФЕМИНА
Share on FacebookShare on Twitter

WBAF ги објави членовите на бордот на Глобалниот комитет на жени лидери. Свати Мандела, внуката на Нелсон Мандела – име кое претставува одраз на лидерството во 21 век – ќе претседава со глобалниот одбор составен од уште 11 светски познати членови, пренесе Inovativnost.

Глобалниот комитет на жени лидери под водство на Свати Мандела, на едно место ги собра дел од највлијателните жени лидери во светот, со цел да ги адресираат предизвиците на денешницата, да поттикнат соработка и да генерираат нови идеи.

Глобалниот комитет на жени лидери е посветен на искористување на уникатниот пристап на влијателни жени лидери во светот, креатори на политики, претприемачи и уметници – обединувајќи ги да ги искористат своите колективни знаења, да се посветат на критични теми и да генерираат иновативни решенија за зајакнување на светската економија. Интернационално добро познати имиња во бордот се д-р Аменах Гуриб-Факим, 6-тиот претседател на Република Маурициус, како и Мари-Кристин Огли, претседателот на Светската асоцијација на жени претприемачи.

Во бордот има и Македонка, Претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска. Арсовска пред една година стапи на највисоката позиција во раководството на World Chambers Federation, која раководи со стопанските комори од целиот свет, информација која одекна глобално со оглед на фактот што само 4 жени во светот се носители на таа функцијата.

„Да се види име Македонка во бордот на Глобалниот комитет на жени лидери е гордост и чест за мене лично, но и професионално. Со Сојузот направивме многу за интернационално да постигнеме успеси во економската соработка и меѓу првите дигитализиравме дел од алатките за меѓународна трговија. Со успех во работата го истакнавме фактот дека и покрај тоа што сме само неколку жени во светот претседатели на национални комори, можеме да промениме многу и да придонесеме за општо добро“, изјави Арсовска
Свати Мандела на назначувањето рече дека жените долги години имаат успех во своите кариери заради нивната способност да се прилагодат на деловната култура и процесите во кои доминираат мажите.

„Жените работат според постојните правила на работното место и имаат дополнителна пречка од перцепциите на општеството за тоа како треба да се однесуваат. Можеби образованието и практиките намалија некои од невидливите навики дека не може жена да биде во лидерска улога, сепак се уште постојат предизвици. Жените лидери на денешницата имаат одговорност да прифатат статус на пример во општеството и да ги адресираат овие предизвици пред сè со здружена акција“, истакна Мандела.

Глобалниот комитет на жени лидери, има за цел да ги идентификува клучните чекори на жените кои се силни лидери во бизнисот, уметноста, политиката. Ќе се дефинираат акциските планови кои ќе помогнат да се надминат предизвиците на индустриите во кои доминира мажот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Мастрафот си ти

May 10, 2025
Фото: Муцунски на X

Муцунски дел од министерскиот состанок на Специјалниот трибунал за злосторство агресија против Украина; Амбасадорката Дир се заблагодари за поддршката

May 10, 2025
Генерирано со ВИ

Трамп: Индија и Пакистан се согласија за целосен прекин на огнот по разговорите со посредство на САД

May 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ останува сон за Македонија, смелите одлуки „пекол“ за политичката елита!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бензински пумпи во Солун и Атина инсталирале софтвер со кој се точела помала количина на гориво

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Левица: ВМРО-ДПМНЕ менува закони по мерка, веќе нема да требаат ни сертификати за директорско место

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk