„Лидерите на двете најголеми партии од македонскиот блок, премиерот Зоран Заев и опозиционерот Христијан Мицкоски преку својата предизборна реторика им се обраќаат на точно определени таргет-групи. Заев кон неопределените кои можеби се разочарани од неговата влада, а Мицкоски на своите но и на поддржувачите на Груевски“, вели новинарот Љубиша Николовски во гостувањето во Утрински брифинг, а пишува Слободен печат.
„И Заев и Мицкоски имаат таргет на гласачи. Заев им се обраќа на неопределените кои можеби се разочарани од начинот на владеење. А СДСМ нема проблем со своите гласачи. Кај Мицкоски е малку поинаку, тој им се обраќа и на своите гласачи но и на оние меѓу нив кои се уште го идеализираат Никола Груевски. И тој е во момент ниту да расчисти со едните или со другите“, нагласува Николовски за „Слободен печат“ во утринската емисија „Утрински брифинг“.
На политичарите, потенцира Николовски, кога им треба медиум лесно го наоѓаат, но потешко е да се добијат кога новинар ги бара за одговори.