Судот во Саудиска Арабија осуди на смрт пет лица поради убиството на новинарот Џамал Кашоги лани.
Кашоги, критичар на саудиските власти, убиен е во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул од страна на саудиските агенти, а саудискиот принц Мохамед бин Салман беше поврзан со убиството.
Известувачката на Обединетите нации рече во октомври дека станува збор за „државно убиство“, укажувајќи на самиот врв на саудиските власти, но, саудиските владари негираа каква и да е вмешаност.
Минатата година обивинтелството најави дека ќе побара смртна казна за пет луѓе кои беа вклучени во убиството на новинарот на „Вашингтон пост“ од саудиско потекло, пренесе тогаш Си-ен-ен.
Од вкупно 11 луѓе кои беа обвинети, пет лица осудени се на смрт.