ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Ги препородивме општините

September 4, 2025 18:45
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Филипче и СДСМ повторно забораваат дека беа на власт во поголем дел од општините низ државата, до пред само 4 години. Тоа беа времиња кога секојдневно бевме сведоци на локални, но и централни скандали и афери, кои ги приредуваа нивните функционери, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

“Затоа, граѓаните повеќе не им ја даваат довербата, а ВМРО-ДПМНЕ ги препороди општините, кои беа оставени со долгови и празни каси, без проекти и без визии.

Да ги потсетиме СДС и Филипче дека изминативе 4 години локална власт, изградивме и реконструиравме улици и патишта во вкупна должина од над 770 километри во вкупна вредност од околу 100 милиони евра. Направени се 46.840 метри нови водоводи, а изградени се канализации од должина над 91 илјади метри. Изградени или во завршна фаза на градење се 7 пазари од затворен тип. Изградени или во завршна фаза на градење се 12 пречистителни станици.

Модернизирани се над 400 училишта, а поставени се фотоволтаици на поголем број од нив, обезбедена е бесплатна храна за децата од 1 до 5 одделение и обезбедено е бесплатно летување за децата од социјално загрозените семејства во голем број на општини, со доградба и реконструкција на училиштата се воведе и едносменска настава. Реконструирани и модернизирани се над 70 детски градинки, а новоизградени се неколку десетици градинки и за оваа цел се инвестирани над милијарда денари. Исто така, завршени или во завршна фаза се 274 спортски игралишта или детски рекреативни терени.

Изграден нов полузатворен градски пазар на површина од 1200 м2 со обезбедени паркинг места во Штип. После долги години изграден е нов покриен пазар во Велес. Во завршна фаза е изградбата на модерен градски пазар со простории за трговија, катна гаража и канцеларии во Радовиш. Изградена е пречистителна станица за отпадни води во с. Видовиште со финансиска конструкција од 1,9 милиони денари. Направена е изградба и реконструкција на 20-тина повеќенаменски спортски и детски игралишта во општина Охрид.

А за тоа како изгледа поддршката на централната власт на општините, за која Филипче и СДС немаа никаква идеа и визија, најдобро се гледа  во инвестираните 500 милиони евра за капитални проекти за локален развој за општините. За само една година по преземањето на одговорноста на централната власт се овозможи да се инвестираат 500 милиони евра за локален развој преку два јавни повици. На последниот втор повик имаше 887 од 80 општини. Само во овој момент се реализираат проекти по општините од над 100 милиони евра обезбедени од Владата. И таа поддршка ќе продолжи.

ВМРО-ДПМНЕ работи во интерес на граѓаните. Чесно, отчетно и транспарентно. Затоа, на следните локални избори, граѓаните ќе ја дадат поддршката на кандидатите за градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.”, се наведува во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Next Post

Зеленски: Сите сојузници од Коалицијата на подготвените согласни се дека Русија ги отфрла иницијативите за мир

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk