Љупчо Златев од Лидер.мк за настапот на Мерсиха Смаиловиќ на пресовите „На прав пат“, во својот коментар за облеката на Смаиловиќ, шири говор на омраза:
Жена со верска униформа на прес-конференција на владејаачка партија е сериозен удар за секуларизмот во Македонија.
Ваква пракса, продолжува Златев, нема ниту една албанска или турска партија во земјава, иако тие ги претставуваат најголем дел од гласачите од исламска вероисповед. Златев вели дека ова покажува дека власта стимулира верски фундаментализам и потсетува на Член 19. од Уставот.
Ова е типичен пример на говор на омраза од страна на Љупчо Златев, коментираат на социјалните мрежи и додаваат дека ова е непочитување на правата на жените и задирање во религиската определба и манифестација на посебноста на жените.
Во реакцијата на говорот на омраза на Љупчо Златев, којашто се шири и споделува на социјалните мрежи со хаштазите: #СоНеаСме #JemiMeTë #FeministWatchdog се вели:
Љупчо Златев мрази жени! Секоја жена има загарантирано право да ја манифестира својата религија и/или верски чувства, во приватната и во јавната сфера. Носењето марама не стимулира верски фундаментализам, но родово базираниот говор на омраза дефинитивно шири сексизам, мизогинија, а овој случај и етничка нетолеранција. Стоп за родово базираниот говор на омраза.
Ј. Ѓ.