ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Чаршави и курви

Македонија плаќа висока цена за своите самоизмами. Второ, носителите на тие самоизмами, од старо време, до денешнава генерација на вморони и катајанабиљанасузанатања квазиинтелектуални светилници, ги носиме околу вратот како усмрдени харинги. Клучните елементи на македонската фантазија и на самоизмамата се вмро и карактерот од македонските народни приказни кој му сугерира на Македонецот дека врвен животен дострел е да краде и да не лежи ако претходно си изградил систем кој ќе го заштити од прогон.

December 24, 2019 11:39
in ПРАВДА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Во сјајниот есеј за национализмот и изборите („Пешчаник“), односно за театралниот и маглив англиски идентитет, Панкај Мишра го цитира Енок Пауел кој вели дека „животот на нациите, како и животот на поединците, се одвива во фантазијата“ („Животот на нациите“) и заклучува дека нациите кои премногу екстравагантно фантазирале, на крајот плаќаат висока цена за својот систем на самоизмамување. И дека носителите на тие самоизмами ги носат околу вратот како ѓердан од трупови.

Ние, се разбира, не сме Англичани, макар што сакаме да се правиме Енглези, нашиот идентитет е помаглив и потеатрален, односно помалку реален од англискиот, но факт е дека сме нација која плаќа висока цена за своите самоизмами и дека, веројатно, ќе продолжиме да ја плаќаме, можеби, до конечниот историски банкрот. Второ, непоправливите носители на тие самоизмами, од старо време, до денешнава генерација на вморони и катајанабиљанасузанатања квазиинтелектуални светилници, ги носиме околу вратот како усмрдени харинги.

Клучните елементи на македонската фантазија и на самоизмамата се вмро и карактерот од македонските народни приказни кој му сугерира на Македонецот дека врвен животен дострел е да краде и да не лежи ако претходно си изградил систем кој ќе го заштити од прогон.

Ова е мала приказна на таа тема.

Апелација ја укина пресудата против Мијалков и Тачи поради „суштествени неправилности во судската постапка“.

Јас верувам дека такви неправилности имало и дека, во нормативна смисла, второстепениот суд постапил правилно, но имам право да се сомневам дека неправилностите се направени намерно односно дека заедно со поништената пресуда, се врвна манифестација на злосторничкото здружување и на злосторничкиот потфат во правосудството, на широко разгранетата мафиотска инсталација од обвинители, судии, адвокати и криминалци. Со врвна цел, за која сите овие делови, а и сите граѓани, главно, не се свесни: растурање на општеството преку уништување на културниот и моралниот модел од една страна и раскурцување на институции со производство на хаос, безнадеж, очај и огорченост, односно преку градење и ширење на свеста дека “не нѐ бива”.

Тоа е вмро-дпмне и како власт и како опозиција.

Работи ли вмро-дпмне нешто друго?!

Во Македонија нема друга сила со таква мисија.

Тоа е клучната разлика.

Нема ни во светот.

Особено нема општество кое одбива да ја сфати таквата сила во нејзината разорна димнезија и ја третира како помалку или повеќе нормално криминализиран политички фактор.

Системот е впрегнат во уништување на општеството и на себе, но дневниот ќар или компромитантната врзаност и иницијацијата во злото, не им дозволуваат да се извлечат од грандиозната парада на саможртвата и жртвата, со верба дека имаат законски покритија и еснафски индулгенции. Дури им се препуштаат на декадентните хедонизми пред општата смрт и пред смртта на себе, на сопствените деца, жени, мажи, љубовници, на сѐ. Во општествена, културна национална, па дури и во елементарно егзистенцијална смисла. Тие го театрализираат злото и веруваат во сопствената претстава за злото, не во злото како такво.

Пљачките, убиствата и насилствата, се важни, но не сами за себе и по себе, туку како функција на идејата на општиот крах. Спасот на злосторниците, се разбира, е важен аспект, но и над него стои идејата за општата пропаст.

Без идејата за пропаста, ваков криминал и обид за демонтажа на државата, не би биле можни.

Можностите кои на злосторничкото здружување им го пружа моделот на грешките и неправилностите во постапката се неограничени. Исто како и правните и демократските процедури кои во интерпретација на локалната итроштина и примитивизам се претвораат во општа автотомија. Доволно е во одреден материјал да се наведе погрешен член, погрешен параграф, наместо „а“, дактилографката да отчука „а.“, па да се смета дека одбраната на обвинетиот била доведена во заблуда.

Тоа е неверојатна комбинација на нормативистичкото право и на длабока и суштинска неправност и неправда. Таа комбинација произведува драматични културолошки, политички, морални и психолошки, ако сакате, последици, таа е и јамката на вратот на општеството и столчето под неговите нозе. И клоцата што ќе го турне. И истовремено, ги прави безгранични можностите на криминалот во рамките на умрежените ешалони на злото.

Не се сеќавам дека некој адвокат се занимавал со класична одбрана на својот клиент, не, тие се занимаваат со диверзија на процесите, односно со попречување на правдата. Комплетното обвинителство и сите судски инстанции, вклучувајќи ги тука и Врховниот и Уставниот суд, низ целиот период на транзицијата, беа во служба на политички и државно спонзорираниот криминал, со тоа што таа ориентација за време на вморонскиот режим на Груевски, доби чудовишни размери.

И денеска, во предизборните најави, Мицковски се препорачува како политички арбитар кој ќе ги ослободува патриотите, а ќе ги затвора криминалците по сопствен избор, односно според критериумот кој на патриотот му овозможува секаков криминал, а на криминалецот патриотизам како лиценца за криминалот.

Според стариот добар критериум од македонските народни приказни, благородната понуда на Заев, па и на меѓународната заедница, да се рехабилитираат и консолидираат на новите основи на независноста, од страна на правосудните инстанции беше сфатена како слабост на понудувачите и знак дека слободно можат да се вратат на своите самоубиствени позиции. Арно ама, на тој начин, самите на себе си прават ветинг и си пишуваат кривични пријави што ќе бидат процесуирани ако тие претходно не нѐ убијат сите и не се убијат самите, ја прогласуваат својата струка и својата институција за купусара, за скара на кило, за некоја таква работа, за куплерај, кај што сите желби на клиентот му се исполнуваат ако тој има доволно пари. Што на овие кои немаат пари им сугерира дека треба да изнајдат некој друг начин ако сакаат нешто да ебнат, со тоа што вербата во правдата и во судството во сексуална смисла им се јавува како понаивна работа од сексот со некој вруќ радијатор.

Не знам како од оваа ситуација можеме да излеземе.

Кога би имале доволно историско време, до решение би дошле низ некој еволутивен развој низ кој оние кои денеска си играат курташак со правосудството, ќе израснат во фактори кои ќе имаат интерес и ќе се борат правосудството да дели правда.

Но ние немаме такво време, а прашање е и колку тие и такви надежи имаат смисла во македонското милје.

Убедливо мнозинство за сегашната или некоја смодифицирана владејачка структура на изборите, категорилно против вмро, не за враќање на старото име, туку за темелна обнова на овој уништен систем. Со кривично процесуирање на припадниците на злосторничкото здружување и потфат кои го експлоатираа системит не само во користољубиви цели, туку и во велепрадавствени, антидржавни, антинародни и антиуставни дејанија, од најтежок вид. Со најстрог мониторинг и стручна и техничка, па и кадровска ако треба, помош од меѓународната заедница.

Фрапантно е тоа што главните инсталатери на оваа проклетие и главните кочничари на обновата на системите, не го привлекуваат гневот на јавноста толку колку што го привлекува власта. Освен тоа, сега се јавуваат како кандидати да го обновуваат она што го уништиле така што ќе ја фиксираат и унапредат уништеноста.

Неверојатно.

Слушам дека во вмронскиот куплерај почнале да  ги менуваат чаршавите, убаво од нивна страна, но, јас не верувам дека некој ќе сака да се ебава со старите им курви на нова прекривка!

Сликите на Груевски можете да си ги извезете на милјенцата под телевизорите или над шпоретите на отровна дограма и дрва, груевизмот и вмровизмот треба да го симнете од себе, од своите мозоци и души, од своите срца. Неколку пати сум пишувал кој е минимумот за да се утврди дека вмро-дпмне воопшто може да учествува во политичките процеси. Еве ги уште еднаш тие пет-шест точки.

1. Извинување до граѓаните на Македонија и до македонскиот народ посебно, за сите злосторства што властите на вмро-дпмне им ги направија, посебно меѓу 2006 и 2012 па се до денеска.

2. Враќање на сѐ што е опљачкано во форма на пари, згради, фирми, вклучувајќи ја и штабквартирата на злосторничката инсталација.

3. Прифаќање на судскообвинителското процесуирање на злото што ни го нанесоа.

4. Деблокада на судските функции и реформи и деблокада на собранието како акти што партијата ги спроведува со злосторнички цели.

5. Напуштање на платформата за предавниците и патриотите односно на идејата дека вмро е единствената вистинска артикулација на македонските национални интереси.

6. Обврска дека партиска делегација на највисоко ниво ќе го врати пребеганиот лидер.

7. Реално прифаќање на евроатлантските проекции со сите услови што во таа насока беа поставени и кои Македонија успеа да ги оствари.

8. Ете, толку, многу ли е тоа!?

 


Сите права се задржани. УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Сенатот одобри нови буџетски кратења по налог на Трамп: Девет милијарди долари помалку за помош за странски земји и за јавно радиодифузно финансирање

July 17, 2025

Лишена од слобода докторка од Битола поради примање поткуп

July 17, 2025

Велшкиот клуб ТНС се пожали на расистички навреди од навивачите на Шкендија

July 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • МПЦ-ОА уште еден чекор поблиску до Москва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тошковски вели ако дивоградбите претставуваат опасност по живот ќе се рушат, од СДСМ прашуваат – што ако се неопасни

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лишена од слобода лекарка од Битола заради примање поткуп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повторно воспоставена легендарната алпска железничка рута – Таурн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk