ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Треба да заврши нивелирањето на платите во културата

Заев се сретнал со министерот за култура, а по штрајкот министерот треба да разговара со вработените вклучени во протестот

December 24, 2019 11:59
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

За да се потпише колективниот договор во културата мора да биде завршена нивелацијата на платите. Работејќи со Синдикатот, службите имаат голем напредок, но нивелацијата треба да ја дозавршат за да има правичност за сите – и во самите институции, но и заради правичност на професиите надвор од нив. Верувам дека договор може да се постигне и секој да ги заврши своите работи, изјави премиерот Зоран Заев за предупредувачкиот штрајк што денеска во установите од културата го организира Синдикатот за култура на Република Македонија (СКРМ).

Соопшти дека утрово имал состанок со министерот за култура и со националниот координатор за култура и дека по штрајкот ресорниот министер ќе може да разговара со вработените вклучени во протестот за сите детали околу постигнување на колективниот догоор што го очекуваат.

– Оваа Влада еднаш направи нивелација во 2018 година и е веќе крената. Сакаме со колективниот договор да ја заокружиме и да ја завршиме. Тоа што се бара од Синдикатот е зголемување на платите за некои 20 порценти, но притоа нивелацијата мора да биде завршена до крај. Зборуваме за нивни барања, можностите од државата после ќе се разговараат.   На пример, ако кустос доктор на науки зема еднаква плата со тон-мајстор, тоа не е во ред, а такви примери сè уште постојат во културата. Да постигнеме фер состојба за сите, а нивелацијата треба тоа да го реши. Апелирам секој да го заврши својот дел за да се постигне потпишување на колективниот договор. Ние сме подготвени, зашто  колективниот договор не е важен само заради платите, туку е важен за многу придобивки во културата, истакна премиерот Заев.

Посочи дека и за покачување на платите на воспитувачите и на негувателките, како и на вработените во центрите за социјална работа, претходно била завршена нивелацијата, а  параметри на нивелацијата, рече, исто така биле утврдени и во образованието со одделување на носители на дејност (учител, наставник, професор), стручни служби (дефектолог, педагог, психолог, социјален работник) и администрација.

Премиерот додаде дека наскоро ќе биде донесен и законот за култура кој до сабота ќе стигне на владина седница, нагласувајќи дека сè што се очекувало и се бара од работниците во културата поприлично го исполнуваат.

Next Post

Од сабота снег и на пониските места

Shortcut

Најново

Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

July 16, 2026

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk