ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

Еко-активистите по Советот за безбедност очекуваат решенија на високо ниво

Како што влеговме, така и излегуваме. Очекуваме дека ќе се донесат решенија како што беше и средбата, на највисоко државно ниво, но скептици сме дека веднаш ќе се пристапи кон решавање на проблемите, е оценката на еко-активистите по вечерашната седница на Советот за безбедност на која, една од главните точки беше аерозагадувањето

December 24, 2019 08:39
in ЗЕЛЕНА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Како што влеговме, така и излегуваме. Очекуваме дека ќе се донесат решенија како што беше и средбата, на највисоко државно ниво, но скептици сме дека веднаш ќе се пристапи кон решавање на проблемите, е оценката на еко-активистите по вечерашната седница на Советот за безбедност на која, една од главните точки беше аерозагадувањето, пренесе МИА.

Како што изјави Душко Груевски од коалицијата Еко фронт – Битола, од средбата може да се  констатира дека нема добра комуникација меѓу секторите во оваа Влада, а така било и во претходните.

-Кога првпат ќе имате можност да седнете со целиот државен врв и нема можност да се препрати вината на некој друг што е надвор, а не е на масата, ќе видите дека координацијата меѓу министерствата не е на најдобро ниво. Тоа е една од причините зошто сме тука, каде што сме. За жал, сите институции од осамостојувањето до денес не видоа дека ова е проблем што треба да се решава децениски. Затоа е големото нетрпение кај нас и кај граѓаните на ваквите изјави, дека за прашањето треба повеќе време, изјави Груевски.

Прашан дали нешто конкретно било кажано на состанокот во однос на нивните барања, Груевски рече дека на средбата било зборувано за сите проблеми, од А-интегрирана дозвола за РЕК „Битола“, ОХИС, Шар Планина, хидроцентралите.

– Со сé што можевме да изнесеме таму, владините институции начелно се согласуваат, како и секогаш досега. И досега беше така, но само се констатира, бидејќи веројатно сме општество на констатирачи. Досега ништо не се презело. Сметаме на добрата волја на претседателот и издигање на ова прашање на национално ниво можеби ќе вроди со некаков плод бидејќи немаме друга надеж, изјави Груевски.

Next Post

Шекеринска: Без оглед на изборите Парламентот треба да се состане и да го круниса тридеценискиот стремеж

Shortcut

Најново

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

Мицкоски: Продолжуваме со субвенционирање на авиолинии и отворање на нови

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија

June 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk