Пратеничката Фросина Ременски, инаку универзитетска професорка од областа на безбедноста, продолжува со обелоденување детали за криминалите на режимот, но и за молкот.
„Убаво е тоа што МВР ќе гради зграда за крим техника“ – пишува Ременски – „Три лаборатории од истата таа крим техника и не мора да ги бројат во опремата за сместување во зградата, зошто за нив градежни работи изведуваше деканот на Факултетот за безбедност во време кога никој не знаеше дека тој/тие гради и опремува по европски стандарди за други.“
Понатаму, Ременски пишува за Министерот за внатрешни Оливер Спасовски, за кој вели дека можел да побара од деканот Дујовски да му ја покаже „градбата за опремата на Факултетот“.
„Бидејќи и самиот знае како е опремена крим техника може да се заинтересира (пак) кај Гордана Смаќовска до каде е со предистрагата од 2013 година и како МВР може да ѝ помогне, освен што таа им дозволува сами да се истражуваат. До тогаш нека си вештачат на предмети од кривични дела и никому ништо. И за ова очекувам внатрешна контрола да се прогласи за ненадлежна како за сѐ останато. За оваа повисока цел СИТЕ молчат 6,5 години и свесно овозможуваат застарувања и прикривања.“
Ременски објавува и неколку документи на својата Фејсбук страница.