ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО СОЦИЈАЛА

СКЕН: Алара – девојче дискриминирано и избркано од училиште во Кочани

Етничка дискриминација во училиштето, каде потфрлија институциите, кој ќе преземе одговорност затоа што повеќе од еден месец малата Алара не посетува настава ?!

December 26, 2019 11:02
in СОЦИЈАЛА, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Есма Рустемова, мајката на малата Алара Рустемова, вели дека наставникот Љупчо Горгиев во основното училиште „Раде Кратовче“ во Кочани, лошо се однесувал со нејзината ќерка, ја мавал со лењир, постојано и викал и ја дискриминирал по етничка основа. Тема на оваа епизода на СКЕН е дали има етничка дискриминација во училиштето, каде потфрлија институциите, кој ќе преземе одговорност затоа што повеќе од еден месец малата Алара не посетува настава…

„Му рече на наставникот дека и се повраќа, тој и вели „ај не мѝ прави цигански работи“, и од тој ден ќерката се плаши, постојано плаче и не сака да оди во училиште“, вели мајката Есма Рустемова.

Мајката вели дека лошото однесување на наставникот Горгиев го пријавила кај директорот на училиштето, Благој Давитков, но, наместо да биде сослушана и да преземе некакви мерки против наставникот, таа тврди дека била дрско избркана од канцеларијата.

„Додека бевме во училишниот двор, директорот ме фати за рака и ме турна во оградата. Имам моринка од ударот на раката и бев на лекар и извадив лекарско уверение“, вели Рустемова.

Таа додава дека нејзиниот маж Бајрам Рустемов, бил 24 часа задржан во полициска станица, поради наводен физички напад на наставникот.

„Маж ми отиде во училиштето само да разговара со наставникот, за да најдат некакво решение, бидејќи нема на друго место каде да разговара освен во училиштето, но наместо да разговараат маж ми бил приведен и задржан цела вечер во полиција“ вели таа.

Директорот на училиштето ОУ „Раде Кратовче“, Благој Давитков, го отфрла обвинението дека наставникот Георгиев ја малтретирал ученичката Алара, а како сведок го посочува наставникот кој му помага на еден ученик со посебни потреби, во истиот клас.

Малата Алара веќе подолго време не оди на училиште, бидејќи ниту еден од трите одделенски наставници во училиштето „Раде Кратовче“ не сакаат да и предаваат, откако се случи инцидентот. Мајката Есма вели дека добила писмено решение дека Алара е отпишана од училиште.

Давитков тврди дека нема етничка дискриминација, бидејќи во основното училиште „Раде Кратовче“ учат голем број ученици од ромска етничка припадност.

Случајот беше пријавен во Државниот просветен испекторат и при извршениот вонреден инспекциски надзор констатирано е дека – врз ученичката Алара Рустемова немало телесно малтретирање и казнување од наставникот Љупчо Горгиев, туку имало телесно малтретирање на родителот Бајрам Рустемов врз наставникот Горгиев, стои во образложението од просветен испекторат.

Семејството Рустемови покренаа приватна тужба против училиштето, наставникот и директорот.

Дехран Муратов / ЦИВИЛ

Next Post

Адвокатката Весна Тренкоска Апостолски: Жените сè почесто бараат развод, похрабри се

Shortcut

Најново

Тага за сѐ што е живо

September 23, 2026

Денот по Денот на мирот

September 22, 2026

Самит за Крим во Њујорк: Политичкиот прогон, милитаризацијата и деокупацијата во центарот на меѓународната агенда

September 22, 2026
Сања Божиновска (фото: https://energy.gov.mk)

Броила, „Руднап“ и 13,2 милиони евра: Каде лежи зајакот во судирот Божиновска – СДСМ?

September 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 2 октомври

September 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk