ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Власта фронтално го смири опозицискиот циклон

Времето околу „Бихаќка“ пак, деновиве се колебаше од облачно преку ветровито до сончево, откако лидерот и премиер Зоран Заев не беше одлучен дали на 3 јануари ќе даде оставка, поради блокадата на повеќе закони во Собранието од страна на опозицијата. Откако владејачката партија настапи фронтално, од тоа што се најавуваше да биде опозициски циклон, остана само промаја, па денеска глатко се гласаат закони кои ќе важат од 1 јануари.

December 27, 2019 16:32
in АХА!
Share on FacebookShare on Twitter

Временската прогноза ја подготви: СНЕЖНАТА КРАЛИЦА

Времето над политичката сцена деновиве е магловито со блесоци во економијата.

Над „белата палата“ од синоќа се надвива густа магла, од која не можат да се видат предлозите за технички министри во преодната влада, што треба од 3 јануари во следните 100 дена да ја води државата до избори.

Времето околу „Бихаќска“ пак, деновиве се колебаше од облачно преку ветровито до сончево, откако лидерот и премиер Зоран Заев не беше одлучен дали на 3 јануари ќе даде оставка, поради блокадата на повеќе закони во Собранието од страна на опозицијата. Откако владејачката партија настапи фронтално, од тоа што се најавуваше да биде опозициски циклон, остана само промаја, па денеска глатко се гласаат закони кои ќе важат од 1 јануари.

Вечерва на „Бихаќка“ ќе преовладува умерено топло, но крајно неизвесно време, кога ќе се решава за кадровските прашања поврзани со техничката влада. На седница на Централниот одбор треба да биде избран кандидатот за технички премиер, кој ќе ја преземе функцијата откако премиерот Зоран Заев ќе поднесе оставка на функцијата. Дали и овој дел од Скопје ќе остане во магла како околу „белата палата“ ќе дознаеме вечерва.

Сепак, сонцето од зградата на Собранието успеа да ги растера облаците на економско поле, по констатацијата дека таа „блеска“, ако се знае дека на 1 јуни 2017 година јавниот долг беше 48,6 отсто од БДП, а сега е 47,7 проценти. Намален е за 0,9 отсто.

Во тој контекст, денеска од ИПАРД 2 почнаа да врнат пари, па утре ќе биде објавен повик за инвестиции во преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи проектиран на 13,3 милиони евра.

Врнежливо и во образованието, каде од 1 јануари се очекува зголемување на платите на наставниците за 10 отсто, откако денеска беше потпишана спогодба меѓу Самостојниот синдикат на образование наука и култура (СОНК) и Министерството за образование и наука.

Да заврне очекуваат и Ромите од Тризла во Прилеп, по пресудата на Апелацискиот суд во Битола, кој ја преиначи пресудата на Основен суд Прилеп и утврди дека Општина Прилеп и ЈКП Водовод и канализација Прилеп извршиле дискриминација спрема тужителите, со тоа што им оневозможиле пристап до чиста и здрава вода за пиење.

Громови се слушаа во претпладневните часови од Кривичниот суд, додека судијката ја читаше пресудата во случајот „Тарифа“ за кој поранешниот директор на АД ЕЛЕМ, Дејан Бошковски, и ресорните директори Методиј Стојменовски и Ненад Ѓорѓовски ги осуди на казна затвор од по три години за злоупотреба на службената положба и овластување. На спомнатите директори им се стемни, а наскоро околу нив ќе завладее тригодишна зима.

Next Post

Заев: Оставката е подготвена, чека само на потпис

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk