Членовите на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, на чело со нивниот општински претседател, Петар Ристески, мавтаат со огнено оружје и се сликаат со него. На фотографијата се гледа како еден локален партиски шериф мавта со пиштол, додека сите заедно позираат пред објективот.
Што ќе преземе МВР во врска со ова, а што ќе кажат правно-професорските лампиони на ВМРО-ДПМНЕ, останува отворено прашање.
Џ. Д.