„Готвевме, се забавувавме и дониравме оброци за „Проект Среќа”, кои им помагаат на нашите најранливи граѓани. Браво за Љупчо Николовски и Сања Лукаревска – достојни натпреварувачи во кујната“, напиша Царовска на нејзиниот фејсбук-профил.
Потпретседателот на СДСМ, Коста Петров, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, генералниот секретрар на СДСМ, Љупчо Николовски и директорката на УЈП, Сања Лукаревска учествуваа на натпревар во готвење cook off, во Јавна соба.
На натпреварот победија мафините на Царовска и Петров.