ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФЕМИНА

Светот во 2019: Жените помогнаа за редефинирање на речиси сè

Жените уште се платени 20 проценти помалку од мажите и сочинуваат помалку од една четвртина парламентарци, соопшти Меѓународната организација на трудот.

December 30, 2019 11:01
in ФЕМИНА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Земјите ширум светот ветија родова еднаквост до 2030 година, но дури и најнапредните од нив се чини дека не прават доволно за да се постигне тоа. Сепак, достигнувањата на жени во оваа година помогнаа да се приближи таа цел, aнализира МИА.

Жените се уште се платени 20 проценти помалку од мажите и сочинуваат помалку од една четвртина парламентарци, соопшти Меѓународната организација на трудот (МОТ).

Во изминатите децении, процентот на жени на пазарот на трудот, како и во одборите на компании, се зголеми, но тие и понатаму остануваат недоволно застапени во корпоративниот свет. Но, кои се светлите точки на патот кон еднаквоста?

Кон крајот на годината, ова се жените кои беа во 2019 година први на своите полиња.

  1. Прва женска вселенска прошетка

Две астронаутки на НАСА го сочинуваа првиот женски тим во октомври кој шеташе во вселната. Имаше жени кои го правеа ова порано, но ова беше првпат да немаат машко друштво. Тоа беа Џесика Меир и Кристина Кох.

  1. Првиот женски пилот во индиската морнарица

Потпоручникот Шиванги е првата жена што управува со авион на индиска морнарица. Тоа се случи три години откако индиските ВВС регрутираа први жени пилоти.

  1. Првите доморотки влегоа во американскиот Конгрес

Деб Халанд и Шарис Дејвидс станаа првите американски членови на Претставнички дом во јануари од редовите на автохтоното американско население.

  1. Судан доби прва судијка во Врховниот суд

Судијката на Врховниот суд, Немат Абдула Аир стана првиот шеф на суданското судство, африканска држава со мнозинство муслимани.

  1. Прва претседателка на Словачка

Поранешната антикорупциска активистка и адвокатка за ЛГБТ права, Зузана Чапутова беше избрана за прв претседател на Словачка во јуни. ЛГБТ активистите се надеваат дека ќе донесат позитивни промени за правата на хомосексуалците и трансродовите во таа конзервативна држава.

  1. Папата Франциско ги именува првите жени во клучно одделение во Ватикан

Четири жени (монахињи) станаа советнички во Бискупскиот синод и се првите жени во тој совет, основана во 1965 година од Павле VI, како папско советодавно тело.

  1. Првата црна жена на врвот на Хималаите

Јужноафриканката Сарај Н’куси Кумало го освои Монт Еверест и сега ги сака и преостанатите шест највисоки врвови во светот.

  1. Прва домортока од Мексико номинирана за Оскар

Јалица Апарицио (26) е првата родена што е номинирана за Оскар во Мексико. Апарицио не продолжила со глума се до улогата на дадилката во филмот „Рома“ и ја искористила стекната слава за промовирање на работничките права.

  1. „Фајненшал тајмс“ доби прва главна уредничка

Рула Халаф за првпат беше прогласена за главен уредник на британскиот Фајненшл  тајмс од основањето на весникот во 1888 година. Халаф, родена во Либан, работи во ФТ повеќе од 20 години.

  1. Во Тунис – главна фудбалска судијка

Дорсаф Ганоиати (33) е туниска фудбалска судијка која во 2019 година влезе како прва арапска и африканска жена која судеше натпревар од првата лига.

  1. ММФ – главна економистка

Гита Гопиах стана првата жена главен економист на Меѓународниот монетарен фонд. Таа беше назначена на функцијата во октомври. Родена е во Калкута во Индија и е професор на Харвард.

  1. Малезија – шеф на судиите

Тенгку Маиум Туан Мат – првата жена шеф на судството во Малезија. Пред назначувањето само мажи биле на таква функција од 1963 година. Таа била во Федералниот суд од 2018 година.

Next Post

Иво Санадер, поранешниот хрватски премиер, осуден на шест години затвор

Shortcut

Најново

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија

June 28, 2026

СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

June 28, 2026

КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

June 27, 2026

„30 години музичка слобода“: Групата „Фолтин“ со звучна монографија на винил го започна големиот јубилеј

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk