ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Позитив на културната сцена во „Медената“ 2019 година

Може ли да се заокружи една толку динамична и креативна дејност како културната сцена. а при тоа да не се испуштат еден мал милион настани, претстави, концерти, изложби, промоции... Можно ли е да се заокружи еден таков и толкав опус на случувања. Секако дека не

December 31, 2019 09:47
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, МЕДИУМИ, СЦЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ

Со што да ја почнеме за да ја завршиме? Или, може ли да се заокружи една толку динамична и креативна дејност како културната сцена. а при тоа да не се испуштат еден мал милион настани, претстави, концерти, изложби, промоции.

Ако ги спомнам: Џијан Емин, Тамара Котевска, Љубомир Стефанов, Милчо Манчевски, или Сара Климоска, Наталија Теодосиева, Атиџе, или Мила Москов, Јон Ајди, или Зоран Кардула, Филип Јовановски, или Нела Витошевиќ, Ирена Ристиќ, Игор Ангелов, Никола Ристановски, Симона Спировска, Мартин Кочовски… ќе заокружам ли. Секако дека не. Но еве:

Џијан Емин фото: Марко Марковски.

Што да се одбере од Џијан Емин за врвно достигнување во 2019 година, а тоа да е доволно: Двата бесплатни концерта со Македонската филхармонија во Градскиот парк во Скопје – „Ну погоди“ и „Љубов и револуција“ на кои присуствуваа илијадници посетители, мултимедијалниот проект „Гласот на езерото“ посветен на Охридското Езеро посетен повеќе од над милион посетители, настапот на Џез фестивалот, оној во Нови Сад… или сепак тоа е концертот во една од најпрестижните сали во светот – Ројал фестивал хол во Лондон? Ројал фестивал е она што ја одбележа концертната 2019 година на композиторот, диригентот и оркестраторот Џијан Емин. Не, тоа беше Ну погоди, Не, Гласот на езерото е уникатен проект. Не… тоа е едноставно маестро Џијан Емин.

Погледнете тука што има да каже техно легендата Derrick May за нашиот Џијан Емин.

Кога бирам од Милчо Манчевски за 2019 година, би ги одбрал Сара Kлимоска и Наталија Теодосиева, зашто Милчо веќе е одбран во друштвото на највлијателните режисери на светската кинематографија и таму е за да остане. Неговиот Врба, оваа година ја одбележа 25 годишнината на Пред дождот и ни ги претстави Сара и Наталија со сета нивна младост и актерска жед.

Сара Климоска, Никола Ристески и Наталија Теодосиева. премиера на „Врба“ во Македонска Филхармонија

Она што знае Милчо да го извлече од актерите, не знаат ни тие самите дека го имаат во себе, а сите го видовме – и ние тука и тие во Рим и оние во Тајпеј. и исто се поклиновме пред величествената приказна за мајчинството. „Величествено, карактерно раскажување“ е оценката на „Скрин интернешенал“, а критичарот Деметриос Матеу ќе рече дека „Врба“ е „еден од оние филмови кои се чинат лабави додека ги гледаш, но кои допираат до сржта и остануваат таму, трогателни и длабоки“. – „Фасцинантен… заслепувачки…“, вели во рецензијата Дебра Јанг од престижниот „Холивуд репортер“ за „Врба“.

Зоран Кардула е нашиот графичкиот дизајнер и сликар кој полни уметнички изложби небаре се рок концерти.

Галерија Анагор, отворање на изложбата „Comics Superheroes“ од Зоран Кардула. фото: Ванчо Џамбаски

Кардула во 2019 година по втор пат изложуваше во галеријата Гард во Рим. Годинешната изложба Ex Novo беше втора фаза од проектот Ex Mondo посветен на големиот Предраг Матвејевиќ. Кардула се фали со своите студенти од Академијата за дизајн, а светот го фали и препознава Кардула преку неговите безвременски: Гуш и Бац, Херионите од НОБ, и секако по колекцијата на редизајни на некои познати плакати од серијалот на „Star Wars“ во комбинација со спомениците на Југославија.

актерката Кристина Леловац од перформансот „Оваа зграда зборува (на)вистина”.

Македонскиот павилјон со наслов „Оваа зграда зборува (на)вистина”, на Прашкото Квадриенале за перформанс дизајн и простор оваа 2019 година ја доби главната награда „Златна Трига“ која се доделува за најдобра изложба и претставување на оваа манифестација. „Оваа зграда зборува (на)вистина“ е дело на уметникот Филип Јовановски и кураторката Ивана Васева, продуцирано од Музеј на град Скопје беше во конкуренција со 79 земји од светот. Прашкото Квадриенале ги гушна Филип, Ивана и Кристина со истата топлина како што тие го гушкаа ГТЦ пред некоја година.

И Оскарот оди кај:

Медена Земја. илустрација од Зоран Кардула

После 25 години повторно имаме голема шанса еден македонски филм да влезе во номинациите за Оскар. Македонскиот филм „Медена земја“ во режија на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, ја има таа извонредна можност да се најде меѓу петте филмови кои ќе се натпреваруваат за наградата Оскар. „Медена земја“, влегува во потесниот список во две категории.: „Најдобар документарен филм“ и „Најдобар меѓународен долгометражен филм“.

Речиси и да не останаа убави епитети и метафори што може да се напишат после сè она што светот го кажа за ремек делото со Атиџе, во режија на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов.

„Длабока, безвременска парабола за изминувањето на времето и за силата на повторното раѓање“, ќе рече престижниот „Варајети” – првото списание каде во 1907 год. е објававен текст за филм кој се смета за прва филмска критика во историјата.

„Тоа е чуствителен и апсолутно прекрасен поглед кон руралниот живот, но и чесен приказ за еден еколошки кошмар. Филмот „Медена земја“ премногу добро знае дека иднината на неговата хероина е несигурна и нејзиниот хармоничен начин на живот може наскоро да исчезне, а сепак пред камерата ѝ дава момент полн со достоинство и грациозност.“ – напиша Дејвид Фиар за Rolling Stone, вбројувајќи го филмот во листата на 10 најдобри документарци за 2019 година!

Artforum., американскиот магазин за современа уметност го стави „Медена земја“ на прво место на својата листа на најдобри филмови за оваа година. „Медена земја е длабока јама во која исчезнува блескавиот, презафатен свет и која се фокусира на полнотијата на една личност во едно далечно место“ – Ричард Лосон, главен уредник и филмски критичар на Vanity Fair. „Медена земја“ е најдобар филм за 2019 според „Њујорк Тајмс“, а Сара Џесика Паркер вели дека филмот е еден од најдобрите филмови номинирани за „Оскар“ за 2019 година. Издвоениве критики се дел од критиките само од декември месец, а сите награди што Медена Земја ги освои на фестивалите во светот се сосема друга приказна, која бара цели фермани за раскажување.

Што ни навести оваа 2019 година:

Ни ја навести четиринаесет годишната прилепчанка Мила Москов, која со песната „Fire“ го освои срцата на млада Европа и шестото место на годинашниот „Детски евросонг“ одржан во Полска.

Впечатливата Мила со својот настап и емоција ги воодушеви сите присутни во салата во Гливице во Полска и измами огромен аплауз и 150 поени од публиката и од жирито. Мила го доби и највисокото признание од интернационалниот портал „Дестинејшн јуровижн“ – сертификат за најдобар евровизиски пакет според мислењето на читателите.

Оваа 2019 година ни го претстави и Yon IDY. Јон Ајди е уметничкото име на нашиот млад инди-поп кантавтор Јон Ајдини. Јон е комплетен автор на неколку извонредни инди-поп песна. Walking the Line of Love е новата песна на Yon Idy, а веќе ги има  „Gentle“ и одличната „Hold Me Close“

Во еден коментар на Јутјуб, за нашиот Ајди се вели: Sviralo danas na radio 101 (Zagreb) i kontam neki stranac, nešto novo. Svidjelo mi se jako i idem “Shazamat” i ne vjerujem. svetsko a naše 🙂 bravo!

Како шлаг за крај на годината – вработените од културата конечно после цели 15 години се изборија и добија Колективен договор во културата со кој ќе имаат регулирани работнички права и повисоки плати. Браво Синдикат!

Нека е Среќна и културно-бериќетна и Новата 2020 година!

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Студентите од Правниот факултет во Ниш поднесоа кривична пријава против Вучиќ поради посетата на пациенти од Кочани во УКЦС

May 14, 2025

Зеленски рече дека е подготвен за каков било формат за преговори за ставање крај на војната

May 14, 2025

Таравари: Јас поднесувам оставка, другите ќе бидат разрешени

May 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите, дали сега процесот на „вленизација“ е во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неуспехот со уставните измени ја протресе удобноста на Мицкоски!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Русија бара премногу отстапки за да се стави крај на војната во Украина, изјави Џ. Д. Венс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk