ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ќе остане запаметена како најголем кочничар во 2019 година

Кочат сѐ што значи враќање пари кај граѓаните. Кочат сѐ што не е по планот на Никола Груевски.

December 31, 2019 10:41
in ПОЛИТИКА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

На крајот на декември кога се сумираат резултатите од годината што изминува неизбежно е да се констатира дека ВМРО-ДПМНЕ ќе остане запаметена како најголем кочничар на иднината на земјата во 2019 година. Фактите непобитно зборуваат дека заканата за иднината на земјата доаѓа токму од ВМРО-ДПМНЕ која се обидуваше и сè уште се обидува да го закочи прогресот на сите полиња, се вели во соопштението на СДСМ.

„Во Собранието, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го кочеа донесувањето на законските измени за зголемување на пензиите за повеќе од 700 денари месечно, на над 320.000 пензионери. Беа и против покачувањето на минималната плата и решавањето на статусот на дополнителeн број стечајци. Кочат сѐ што значи враќање пари кај граѓаните. Кочат сѐ што не е по планот на Никола Груевски. Ја кочат демократијата. Поднесоа илјадници амандмани само за да спречат 1 изборна единица. Знаат дека граѓаните не го сакаат Христијан Мицкоски и затоа не сакаат отворени листи. Се плашат од гласот на граѓаните. Не го поддржуваа ниту Законот за одбрана, една од нашите обврски во однос на НАТО членството. Велат им пречело името на земјата. А не им пречи кога шетаат по службени патувања, кога земаат плати, дневници и кога одат на меѓународни настани потпишани под името Северна Македонија.  Тешко и профитерско лицемерие“, се наведува во соопштението.

Според СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ го кочеа договорот од Преспа за да го кочат влезот во НАТО а најавуваат дека ќе ја враќале земјата назад. Не кажуваат каде е тоа назад, зашто граѓаните добро се сеќаваат на заплашувањата, уцените, изолацијата, непотизмот и корупцијата на најбогата партија во Европа, велат од СДСМ.

„Ни три месеци пред избори не се знае за што се залага ВМРО ДПМНЕ. Се уште немаат изборна програма. ВМРО ДПМНЕ значи нестабилност, ризик, еднопартиски систем. Се она што не го сакаат граѓаните. Граѓаните повторно ќе победат на изборите на 12 април“, се наведува во партиското соопштение.

Next Post

Итната медицинска помош за новогодишните празници ќе работи 24 часа

Shortcut

Најново

КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

June 27, 2026

„30 години музичка слобода“: Групата „Фолтин“ со звучна монографија на винил го започна големиот јубилеј

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Џабир Дерала

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Лина Ѓорческа стана првата македонска тенисерка на Грен слем турнир

June 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk