ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Новогодишна видео честитка на премиерот Зоран Заев

Ви посакувам од длабочината на моето срце, среќна, успешна и незаборавна нова 2020 година! Секој човек е важен, затоа и инвестираме во нашите граѓани, во иднината, во децата. Целиот наш народ, без исклучок, е нашето најголемо богатство

December 31, 2019 11:32
in ПОЛИТИКА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Во новата 2020 година, посакувам да го направиме најдоброто за нашата земја. Секој нека покаже како се сака сопствената земја.

Заедно да обезбедиме топол и безбеден дом за секое дете, за секој човек.

Ви посакувам од длабочината на моето срце, среќна, успешна и незаборавна нова 2020 година!
Секој човек е важен, затоа и инвестираме во нашите граѓани, во иднината, во децата.

Целиот наш народ, без исклучок, е нашето најголемо богатство, вели премиерот Зоран Заев во видео честитката постирана на социјалните мрежи.

– На неколку часа пред Новата Година, кога сите сме со нашите најблиски, ви посакувам подобро и поубаво утре, здравје и исполнетост со радост и топлина. Некои наши сограѓани вечерва ќе бидат на работните места, во болниците, во Полицијата, во противпожарните служби, во Армијата – ќе се грижат за земјата и за нашата сигурност. На сите нив, да им оддадеме почит и признание, наведува Заев во новогодишното обраќање.

Премиерот посочува дека 2020 година, за припадниците на нашата Армија и на сите граѓани, ќе биде година за паметење, бидејќи Северна Македонија и формално ќе стане членка на најмоќниот сојуз – НАТО.

– Ништо нема да не запре и силно ќе чукаме и на портите на ЕУ зашто имаме што да кажеме. Бидете горди на овие постигнувања. Денес сакам да си ветиме дека во 2020 уште повеќе ќе го разгориме пламенот на заедништвото и солидарноста. Дека ќе ги негуваме и одржуваме љубовта и разбирањето кон другиот. Тоа се толку едноставни, а толку големи чекори. Да продолжиме да бидеме пример за кој сите зборуваат, посочува премиерот.

Заев натаму наведува дека секој човек е важен и затоа инвестираат во граѓаните, во иднината, во децата, и без исклучок во целиот народ бидејќи, како што вели, тоа е нашето најголемо богатство.

– Драматично го свртевме социјалниот курс, ја правиме нашата земја социјална и праведна држава. Наша заедничка обврска е да овозможиме сите луѓе да ја добијат шансата што ја заслужуваат, да ги искористат своите вештини, посочува Заев.

Дополнува дека пред земјава останува обврската целосно да се воспостави правната држава.

– Постојано да си честитаме што успеавме да ги вратиме слободата и демократијата. Да се храбриме бидејќи имаме економија која платите ги влече напред, како никогаш до сега. Бидејќи економијата од минус ни отиде во плус. Но, да биде јасно, пред нас е обврската за целосно воспоставување на правна држава. Нема отстапки, нема шминки и брзи поправки, туку темелна реформа. Јас ќе направам сѐ за да го оствариме тоа. Останете посветени на правдата, вашата поддршка е суштинска за да успееме, наведува Заев.

Премиерот во новата година посакува секој од нас да го направи најдоброто за нашата земја.

– Посакувам да сме сите живи и здрави и со најголема радост да ги дочекаме сите новородени во 2020 година, со решеност дека ќе обезбедиме топол и безбеден дом за секое дете, за секој човек. Во новата 2020 година, посакувам секој од нас да го направи најдоброто за нашата земја. Покрај обврските на државата, придонесот на граѓаните е многу важен за македонската иднина. Затоа, секој нека покаже како се сака сопствената земја. Ништо не е поважно од тоа. Ви посакувам од длабочината на моето срце, среќна, успешна и незаборавна нова 2020 година, наведува премиерот во новогодишното обраќање до граѓаните.

 

Next Post

Жена била удрена со електричен тротинет во Скопје

Shortcut

Најново

КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

June 27, 2026

„30 години музичка слобода“: Групата „Фолтин“ со звучна монографија на винил го започна големиот јубилеј

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Џабир Дерала

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Лина Ѓорческа стана првата македонска тенисерка на Грен слем турнир

June 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk