ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

До 15 јануари регистрација и дерегистрација на ДДВ обврзници

Со новите законски измени променет е и периодот во кој обврзникот е должен да остане во системот на ДДВ и истиот е скратен на три години од претходните пет години.

January 3, 2020 13:43
in ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

До 15 јанаури сите правни и физички лица кои минатата година имале промет под два милиони денари, а се регистрирани како ДДВ обврзници, ќе имаат можност да се дерегистрираат од Регистарот на ДДВ обврзници, а оние кои имале промет над два милиони денари, а не се регистрирани, ќе мора да се регистрираат. Ова го налага новиот праг за ДДВ обврзници што почна да важи од 1 јануари, пренесе МИА.

Прагот за ДДВ обврзник беше зголемен од еден на два милиони денари кон крајот на минатата година со цел да се намали административниот товар за граѓаните и фирмите.  

– Пријава за регистрација за целите на данокот на додадена вредност, можат да достават и даночните обврзници кои сакаат доброволно да се регистрираат за целите на данокот на додадена вредност, информираат од Министерството за финансии.

Пријавите за регистрација може да се дости по пошта или лично до Регионалната дирекција на Управата за јавни приходи според седиштето или живеалиштето на даночниот обврзник. Пријавите може да се достават и електронски на http://etax.ujp.gov.mk .

Направен е и прирачник преку кој граѓаните и фирмите ќе можат да се информираат за новиот праг и кој има или нема обврска како ДДВ обврзник. Прирачникот може да се најде на веб-страната на Министерството за финансии.

Прагот за ДДВ обврзник беше променет кон крајот на минатата година. Тогаш министерката за финансии Нина Ангеловска рече дека анализата на Министерството за финансии покажала оти даночната администрација троши повеќе време за малите ДДВ обврзници кои придонесуваат со два проценти во вкупната наплата на ДДВ, отколку на оние кои придонесуваат со 73 проценти. 

Со новите законски измени променет е и периодот во кој обврзникот е должен да остане во системот на ДДВ и истиот е скратен на три години од претходните пет години.

Next Post

Во техничката влада секој акт и документ мора да биде потпишан од министерот и заменикот, во спротивно не важи

Shortcut

Најново

Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

August 14, 2026
Tap water, photos by Vecteezy

Гостивар: Водата се прочистува, но довербата останува загадена

August 14, 2026

Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

August 14, 2026
Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk