ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

„Напрај се Василичар“ – сатирата и слободата во изразувањето водилка при креирањето на маските

Градоначалникот на Општина Вевчани, Сашо Јанкоски, на денешната прес-конференција информира дека програмата оифицијално почнува на 12 јануари на отворената театарска сцена, каде што се спојуваат паганските обичаи и модерниот свет, а во забавниот дел што ќе почне во 19 часот, ќе настапи пејачот Влатко Лозаноски

January 3, 2020 14:55
in РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Под слоганот „Напрај се Василичар“ на 12, 13 и 14 јануари годинава традиционално ќе се одржи Вевчанскиот карневал, на кој се најавуваат над 1.000 маски и богата програма со културно – забавни содржини.

Градоначалникот на Општина Вевчани, Сашо Јанкоски, на денешната прес-конференција информира дека програмата оифицијално почнува на 12 јануари на отворената театарска сцена, каде што се спојуваат паганските обичаи и модерниот свет, а во забавниот дел што ќе почне во 19 часот, ќе настапи пејачот Влатко Лозаноски, пренесе МИА.

Сатирата и слободата во изразувањето, како што додаде Јанкоски, и овој пат се водилки при креирањето на маските и сценаријата на изведувачите, а кулминацијата ја очекуваат на 13 јануари кога маските што се кријат во тајност 365 дена, ќе бидат претставени во јавноста

Според градоначалникот, карневалот и оваа година ветува многу смеа, игра, театар, и маски кои ќе привлечат вниманието на јавноста задржувајќи ја својата уникатност и архаичност.

На 14 јануари, според паганските обичаи маските ќе бидат запалени се со цел, како што рече Јанкоски, да се уништи злото.

-Општина Вевчани со задоволство одговара на задачите кои подразбираат негување и промоција на традицијата, како и начин на издигнување на културата на нашата држава дома и надвор од границите. Верувам дека нашиот труд и посветеност за овој настан ќе резултира со висока посетеност и задоволни гости. Ние како домаќини многу внимателно работевме на програмата. Се потрудивме да ги задоволиме музичките вкусови на сите генерации, а воедно да понудиме и нешто ново, додаде градоначалникот.

Првпат оваа година, како што информира Јанкоски, организацијата за Вевчанскиот карневал вклучува и традиционално гурманско шоу со Бранко Попоски, македонскиот „food blogger“ со вевчанско потекло, познат по проектот „Cooking with Branko“, каде ќе се претстават традиционални вевчански јадења на уникатен начин.

Програмата официјално почнува на12-ти јануари од 19 часот на отворената сцена на игралиштето, каде што учество ќе земат DJ Todoroff, македонското поп-рок дуо Eye Cue, Brass Brothers и пејачот Влатко Лозаноски.

Во вториот дел од програмата, односно, од 21 часот ќе настапат македонските музички фолк ѕвезди Дамјан Стојановски, Татијана Стојановски, а на полноќ со традиционален огномет и трубачи ќе биде дочекана Старата Нова Година.

Next Post

Ибрахимовиќ: Не сакав да го напуштам Милан во 2012 година

НАЈНОВО

Орце и Мицкоски Скопје „72 часа чисто Скопје“

„Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

November 6, 2025

Рокас до Мицкоски: ЕУ е на ваша страна во овој процес, но одговорноста е ваша

November 6, 2025

Мицкоски за Извештајот од ЕК: Остануваме целосно посветени на европскиот пат

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk